March 28, 2024, 10:51 am

ИМА ЛИ МАКЕДОНИЈА ЕВРОПЕРСПЕКТИВА: Новиот еврокомесар за проширување, Оливер Вархелји в среда доаѓа во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот еврокомесар за соседство и проширување Оливер Вархелји на 15 и 16 јануари ќе допатува во посета на Македонија. Тоа ќе биде негова прва посета по стапувањето на функцијата еврокомесар.

Се очекува Вархелји да оствари средби со владини претставници, на кои најверојатно ќе стане збор за новата методологија за проширување предложена од Франција и за текот на реформите во земјава, особено донесувањето на законот за јавно обвинителство.

На 18 декември минатата година вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се сретна со Вархеји во Брисел, при што му го претстави реформскиот план на Владата до самитот на Европскиот совет во март.

Европската комисија ќе објави мини-извештај за Македонија и Албанија во февруари, а новата методологија, според најавите, се очекува да биде усвоена во март.

Еврокомесарот Вархелји, минатиот месец рече дека пристапните преговори со Македонија и Албанија треба да почнат на пролет. Тој тогаш рече дека ЕУ треба да ја исправи грешката од октомври.

Земјите-членки на ЕУ не се договорија за почеток на преговори со двете земји, поради противењето на Франција, која пак, услови со нова методологија на преговарање.

Европската комисија треба да излезе со предлог за новата методологија до крајот на јануари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This