ИМА ЛИ СДС МНОЗИНСТВО ВО СОБРАНИЕТО: 60, 61 или 62 пратеници – има ли власта мнозинство во Собранието?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрешниот ден во Собранието би можел да покаже во кој правец ќе се одвиваат односите помеѓу коалициските партнери. Дали власта се уште го има и онака тенкото мнозинство во Собранието или пак веќе не може да сметаат на 62 пратеници колку што досега броеше владејачкото мнозинсто.Комбинации има многу, а поддршката ќе зависи од договорот помеѓу владините партнери за новите министри кои треба да бидат назначени на местата на новите градоначалници во Гостивар, Струга и Чаир, анализира Телевизија Нова.

Засега во најповолна ситуација е ДУИ кој ќе го задржи вицепремиерското место за странски инвестиции како и заменичкото во образование.

Но проблем се нарушените односи помеѓу СДСМ и Алијансата за Албанците, особено откако СДСМ покажа аспирации за министерството за здравство кое беше резервирано за партијата на Села.

Конечната одлука се очекува да биде донесена по разговорот кој треба да го имаат Села и Заев.Тоа треба да се случи денеска бидејќи утре премиерот е во Брисел на средба со Могерини.

Заев пред неколку дена назначувањето на новите министри и поддршката на власта во Собранието ја стави во еден поширок контекст со изборот на новите пратеници како и со нејасната ситуација со оставките на членовите во Државната изборна комисија.

Доколку Алијансата прифати да го отстапи здравство на СДСМ ќе им биде понудено вицепремиерско место за реформи но неизвесно е дали тоа за партијата на Села е прифатливо.Не се исклучува и можноста Алијансата да излезе од Владата но и натаму да ги поддржува законите поврзани со евроинтеграцијата на земјата.

Во таков случај ќе мора да се прекројува ново парлементарно мнозинство со Весел Мемеди од НДП за кој Села веќе објави дека преминал во ДУИ.Власта може да смета и на Чедомир Саздовски од Гром кој иако најави дека ќе дејствува како независен пратеник ги поддржува владините политики.

Со таква математика владејачкото мнозинство би броело едвај 61 пратеник. неизвесно е и дали би можело да бидат изгласани двајцата нови пратеници во ситуација кога тие мора да ја поминат процедурата во Државната изборна комисија која е во оставка а неизвесно е кога ќе биде избран нов состав.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This