Има ли ургeнции кај Филипче?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче беше гостин во „10МИНУТИ“ на ТВ21. Го прашавме дали до него има ургенции од негови роднини, пријатели, од граѓаните за некаква услога.

Еве што одговори на прашањето.

„Ние практично секојдневно помагаме на луѓето. Се среќаваат луѓето со најразлични потреби. Но, оваа криза покажа една важна работа, а тоа е дека секој еден од нас навистина одговорен за своето здравје. И токму од нашиот пристап кон оваа епидемија зависеше сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски“, вели Филипче.

Тој додаде дека со почитување на мерките, секој еден го штити своето здравје, а со тоа и здравјето на сите околу него.

„Доколку се штитиме себе си со почитувањето на мерките, ги штитиме и другите околу нас. Многу е важно што граѓаните се вклучија во оваа борба, и ќе продолжиме така и понатаму. Една од главните карики, партнери се медиумите, потоа граѓаните и останатите институции“, потенцираше министерот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This