April 27, 2024, 12:10 am

ИМА ПРИТИСОЦИ, ЗАКАНИ И НАВРЕДИ ОД МИНИСТРИ КОН НОВИНАРИ: Претседателот на ЗНМ, Чадиковски призна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се уште има притисоци, навреди, зakaни од министри и далеку е од тоа да бидеме задоволни, вели претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Имаме министри што се зakaнуваат со тужби кон новинари, денеска имате министри што квалификуваат на овој или оној начин медиумите. И денеска имате министри што наместо да одговараат на прашања на новинарите тие одговараат со контра прашање најчесто во ироничен или во некоја друга смисла која што би требало да го навреди новинарот, појасни Чадиковски.

Чадиковски додава дека денеска поради социјалните мрежи имаме наплив на лажни вести, на пропаганда и на неетничко известување, на етикетирање на луѓе, бизнисмени и политичари и било што без никаков однос и тоа кога значи нема основа. Но истовремено посочи дека од друга страна во нашава земја имаме и фини медиуми кои работат по стандардите и кодексот на новинарите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This