Има 115 години и ја споделува неговата тајна за долговечност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Еве која храна е најзастапена во неговото мени

Бернардо Лапајо има 113 години и ни открива која храна е заслужна за неговиот долг живот.

Роден во далечната 1901 година, Бернардо и понатаму е витален, а смета дека за доброто здравје и долгиот живот е заслужен посебниот начин на исхрана. Овој господин од Аризона вели дека одбегнувал да јаде црвено месо, а неговата исхрана главно се состоела од органско овошје и зеленчук.

Специфичниот начин на исхрана го применувал според упатството на својот татко кој бил лекар и многу дисциплиниран човек.

Еве која храна е најзастапена во неговото мени:

ЛУК

Веќе со векови лукот се користи како лек, првенствено поради своите антисептички и антибактериски својства.

МЕД

Најдобриот природен засладувач кој е преполн со лековити состојки. Ако сакате да го засладите оброкот, Бернардо го препорачува медот.

ЦИМЕТ

Оваа ароматична намирница исто така содржи благотворни состојки. Може да го намали нивото на холестеролот во крвта и да делува превентивно против дијабетес.

ЧОКОЛАДО

Оваа вкусна намирница со право има назив „храна за боговите“. А ако мислевте дека чоколадото е наменето само за деца, сте се излажале. Бернардо вели дека и чоколадото е клучна намирница за долг живот.

МАСЛИНОВО МАСЛО

Ова масло влијае благотворно врз вашето здравје и би требало почесто да го консумирате.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This