ИМЕТО ГО НЕМА, МАКАТА СТО: Година дена од Севернизацијата на Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За точно 1 месец изминува година дена од официјалната промена на името на Република Македонија, финализирањето на уставните измени заврши на 11 февруари 2019-та година кога новото име и официјално стапи во употреба.

Брда и долина, очекувањата Заев и неговите пајташи ги кренаа високо, го излажаа сопствениот народ, го натераа да се проституира за некакво си бесплатно здравство во Европската Унија, За (Ев)ропска Македонија и што ли уште не, за сега година дена по промената, година и 4 месеци по пропаднатиот референдум, повеќе од година и половина од Преспа, ништо да не е променето, освен името на државата.

Се е исто само името го нема, го нема нашето достоинство, чест и гордост, цел живот ќе го носиме тој камен на своите плеќи дека сме биле живи и свесни кога се менувало македонското име. Секое прашање на нашите деца и внуци за што се случувало изминативе 3 години дополнително ќе го прави потежок тој камен кој со себе го носиме. Македонското име е сменето, а сите оние наши пријатели и роднини со кои дебатиравме, водевме расправии, не правевме муабет сега се уверија дека нашата мака не исчезна магично како што некој ги убедуваше и им ветуваше.

Правда ја нема повеќе него било кога во македонската историја, невини луѓе се по нашите затвори само поради љубовта кон својата татковина, додека криминалците оние кои ги гледавме, слушавме, за кои читавме дека „мавале“ милионски рекет слободно се шетаат по улиците.

Пари, кои пари, ќе се запраша секој еден просечен граѓанин на државата со променето име? Реализацијата на капиталните инвестиции среде „економската“ година на Заев го достигна дното, македонските бизнисмени се пожалија дека 2019-та е една од најлошите години за македонскиот бизнис, се пожалија на проблеми со ликвидноста, а тропнаа и директните странски инвестиции.

До кај сме со ЕУ? Па нели „гласаа“ за Европска Македонија? Требаше ли од 11 февруари 2019-та европските стандарди да станат македонски, да земаме европски плати, да имаме европско образование и здравство, или мало сутра како што милува да каже сега веќе екс премиерот.

Очигледно е како што рече Никола Димитров набрзо по промената на името, возот за ЕУ ни избегал, а по излегувањето на Велика Британија од Унијата се по веројатно е дека тој воз и излетал од шините.

И што да правиме сега кога името го нема, а маката сто?!

 

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This