ИМЕТО ЗА 700.000 ЕВРА: Фирмата на Мукоски ќе фарба ѕидови, ќе менува, лакира и струга паркети за двојно повисоки цени во државните институции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Семејната фирма на пратеникот Крсто Мукоски, „Атриум“ од Вевчани, ќе фарба државни ѕидови, ќе менува буков паркет, ќе го лакира и струга, по двојно повисоки цени од пазарните, објави ТВ 24, а врз основа на цените во тендерот од 700.000 евра што го доби фирмата на Мукоски од државното станбено претпријатие.

Претходните тендери од ова претпријатие кое ги доби семејствотво Мукоски веќе една година ги истражува Финасиската полиција.

Од државното станбено претпријатие за ТВ 24 велат дека добиле пониски цени од претходниот тендер кој е под истрага.

Во претходниот тендер за кој се водат предистражни постапки, за стругање и лакирање на паркет цената била 2.312 денари по квадрат, а сега е 1.334 денари. За молерисување на ѕидови со тон порано цената била 219 денари, а сега е 123 денари за квадрат. А за менување на буков паркет фирмата наплатувала по 4.394 денари, а со овој тендер е постигната цена од 2.565 денари“- велат за ТВ 24 од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АД ССДП).

Квадратот на Мукоски двојно поскап

Занаетчиски фирми:

  • просечна цена за фарбање ѕидови со тон не е ни едно евро по квадрат со нивна боја.
  • За лакирање и стругање паркет – максимум 10 евра, 6,5 евра со нивни материјал.
  • Mенување буков паркет прва класа со нивна набавка – максималнo 30-35 евра за квадрат

„Атриум“ на Мукоски:

  1. цена за фарбање ѕидови со тон две евра по квадрат.
  2. За лакирање и стругање паркет – 22 евра по квадрат.
  3. Mенување буков паркет прва класа со нивна набавка – речиси 42 евра за квадрат.

Од АД за стопанисување со станбен и деловен простор велат се е законски. И изборот на фирмата, бидејќи немало негативна референца за неа кога ја избрале, како и сумите.

Според критериумите во тендерската документација и огласот за јавна набавка понуди поднесоа 4 економски оператори. На евалуацијата беше утврдено дека прифатливи понуди имаат дајца понудувачи кои беа поканети да учествуваат на електронска аукција. Со оглед дека критериум за доделување на договор за јавна набавка е најниска цена , по спроведената електронска аукција најниската понудена цена беше од фирмата Атриум.“- велат од Државното станбено претпријатие.

Целиот текст ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This