April 25, 2024, 10:05 am

ИМЕТО НЕМА ДА ОДИ НА РЕФЕРЕНДУМ: Али Ахмети смета дека за името треба да одлучуваат владите и да се гласа во Собрание!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Не може да се дозволи ова прашање да се бирократизира или политизира или да се користи прашањето за референдум и можни бескрајни дебати во Парламентот за да се обесхрабри решавањето. Тоа треба да се реши со договор меѓу двете држави и двете влади како што беше во 90-тите години околу привремената референца. Се разбира дека тука треба да учествува и опозицијата за да се надминат разликите и да се ставиме во услуга на иднината, бидејќи минатото на Балканот воопшто е болно и мора да се решава, рече Ахмети.


Решавањето на прашањето со името, законот за јазици и односите помеѓу парламентарните политички партии на Албанците во Македонија, беа главни теми на денешната предновогодишна средба на претседателот на ДУИ, Али Ахмети со новинарите.

Во однос на прашањето за името Ахмети рече дека тоа е проблем што бара решение, бидејќи е пречка за нашето зачленување во НАТО и ЕУ.

Според Ахмети, не треба медијаторски пристап во решавањето на овој проблем, туку според него, посредникот Нимиц треба посилно да се ангажира со помош на ОН и сите пријателски држави, а од наша страна зависи како ќе се договори тој компромис и што понатаму.

– Не може да се дозволи ова прашање да се бирократизира или политизира или да се користи прашањето за референдум и можни бескрајни дебати во Парламентот за да се обесхрабри решавањето. Тоа треба да се реши со договор меѓу двете држави и двете влади како што беше во 90-тите години околу привремената референца. Се разбира дека тука треба да учествува и опозицијата за да се надминат разликите и да се ставиме во услуга на иднината, бидејќи минатото на Балканот воопшто е болно и мора да се решава, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ посочи дека сегашната опозиција е заинтересирана за решавање на спорот со името, а ставот дека се за НАТО и ЕУ го реафирмирале и за време на Конгресот.

– Опозицијата е заинтересирана за решавање на проблемот околу името, но колкави се разликите ќе видиме во текот на овој процес. Без опозиција не може да се реши ова прашање и во тој правец беа и пораките од нивниот неодамнешен конгрес дека се за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, а сметам дека тие не се неискусна партија да знаат дека тоа не е можно без решавање на проблемот со името, како и тоа дека приоритет се добрососедските односи и со Софија и со Атина, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ рече дека комуницирал и со владејачките партии и со опозицијата и смета дека сите се за решавање на ова прашање.

– Како дел од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ беше усвоена декларација за подобрување на односите помеѓу Македонците и Албанците за да се тргне предрасудата дека ВМРО-ДПМНЕ е антиалбанска партија, рече Ахмети.

Во однос на можноста за влегување на ДПА во Владата, Ахмети посочи дека имало разговори на оваа тема и дека се отворени за соработка, но оти нема ништо конкретно за влегување на ДПА во извршната власт.

Коментирајќи ги информациите и изјавите дека тој и ДУИ го уцениле премиерот Заев за излегување на Алијансата на Албанците од Владата, Ахмети рече дека не влијаел за тоа лидерот на партијата Зијадин Села да одлучи да излезе од владата.

– Јас тоа би го нарекол самозаминување, а околу тоа дека јас сум го уценувал премиерот Заев со наши излегувања се целосни измислици, рече лидерот на ДУИ.

Околу можноста за враќање на опозицијата во Собранието Ахмети рече дека Владата е отворена за сите кои сакаат да бидат дел од реформите и оти има комуникација меѓу Владата и опозицијата за враќање на опозицијата во Собранието и оти некои закони намерно се одложени, како што е Договорот со Бугарија, законот за јазици.

На денешен ден пред една година се одржа средбата во Тирана во организација на албанскиот премиер Еди Рама. Ахмети рече дека денешната средба со новинарите не е поврзана со оваа годишнина и дека тој состанок во Тирана, што подоцна бил злоупотребен како платформа на Еди Рама или Тиранска платформа, бил свикан само, како што рече, за да се вклучи албанската политички партија што не учествувала на свикан состанок од нивна страна во Скопје. Најави нова средба која треба да ја организира ДПА.

30 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This