April 26, 2024, 12:00 pm

ИМЕТО НЕ БИЛО КРИТЕРИУМ: Лајен ќе даде датум за преговори кога Македонија ќе ги исполни критериумите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во првото интервју по изборот за претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен ги потврди заложбите за европската перспектива на C Македонија и Албанија. „Тие се наши соседи“, вели Фон дер Лајен

Во интервју за магазинот Шпигел, Урсула фон дер Лајен вели дека ќе се залага за почеток на преговорите за членство во ЕУ со C Македонија и Албанија, веднаш откако ќе се оцени дека овие две држави ги исполниле критериумите.

Фон дер Лајен беше избрана во вторникот за прва жена во историјата на чело на Европската Комисија. Во текот на кусата кампања во која ги убедуваше пратениците во Европскиот парламент да гласаат за неа, фон дер Лајен во неколку наврати во своите приоритети ги наведуваше и преговорите со двете западнобалкански држави.

Во првото интервју по изборот, таа го потврдува тоа.

„Треба да отвориме преговори со тие земји веднаш откако Европскиот совет ќе донесе заклучок дека се исполнети критериумите“. Европскиот совет го сочинуваат шефовите на држави и влади на сите земји-членки на ЕУ.

„Треба да ја оставиме испружена раката кон овие земји. Го делиме истиот континент, истата историја, ние сме соседи. Доколку на овој регион му ја затвориме вратата, си предизвикуваме штeeта себеси“, рече Фон дер Лајен во интервјуто за Шпигел.

Се очекува Фон дер Лајен да ја преземе новата функција на 1 ноември годинава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This