ИМЕТО ПАЃА ПО ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: СДСМ ќе ја свитка кичмата за името по локалните изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на СДСМ не е спремна да го ризикува исходот на локалните избори на 15 октомври па поради овие причини на утрешната средба помеѓу Димитров и Коѕијас нема да се разговара за конкретни предлози за промена на името, туку ќе се разговара за мерки за градење добрососедство и доверба помеѓу двете држави.

Јасно е дека единствена препрека за членство на Македонија во ЕУ и НАТО во изминатите 11 години беше наметнатиот проблем со името кој го има Македонија со Грција. Токму решавањето на спорот за името и давање на нови конкретни предлози ќе се случи по локалните избори на 15 октомври.

Инфомах на неколку пати доби екслузивни информации од своите извори дека постои конкретен план за промена на името во наредниот период од страна на Владата предводена од СДСМ. Спроведувањето на планот на СДСМ за промена на името пред локалните избори би довел до нивен катастрофален пораз на локалните избори. Доколку тие сега го искористат целосниот политички капитал за спроведување на планот за промена на името тоа би довело до целосен пропаст на агендата за која СДСМ се доведени на власт од странските центри на моќ. Поразот на локалните избори за Владата ќе значи делегитимирање поради губење на подршката од мнозинството која воопшто ја немаа на прво место. Со тоа СДСМ не би имале никакво право какво и што нема воопшто да го претставуваат македонскиот народ и да разговараат за ваква важна и болна тема како што е промена на името.

Токму поради овие причини средбата со Мајк Пенс заменик претседателот на САД и Зоран Заев како и темата на разговор беше криена од јавноста. Заев никогаш не би пропуштил шанса да се пофали дека лично разговарал со заменик претседателот на САД. Заев на Пенс на оваа средба му дал детален конкретен план за промена на името во наредните месеци односно по завршувањето на локалните избори и токму поради ова средбата беше скриена од очите на јавноста.

Повеќе од јасно е дека оваа влада работи со скриена и забрзана агенда која е спротивна на македонските национални интереси и очигледно е спремна на радикален чекор како што е промена на името поради исполнување на задачите дадени од странските амбасади. Единствен начин да се спречи исполнувањето на оваа катастрофална агенда за Македонија е да се порази и делегитимира СДСМ на локалните избори на 15 октромври.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This