ИМЕТО ЌЕ СЕ МЕНУВА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА: Дипломатите присутни на генералното собрание на ОН, зборуваат дека до крајот на годината Македонија ќе го промени името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После учеството на Македонската делегација на генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк не стивнуваат изјавите на видни функционери од светската политика кои се оптимисти за решавање на проблемот на Македонија и Грција.

“Светот повеќе зборуваше за Иран и Северна Кореја, а настапите на лидерите од Западен Балкан не беа премногу забележани, со исклучок на македонскиот премиер Зоран Заев, кој условно речено беше еден вид ѕвезда, бидејќи имаше голем интерес за Македонија и решавање на проблемите со Грција, како и за перспективите на таа земја и регионот” – изјави Вук Јеремич, поранешниот претседател на Генералното собрание на ОOН , во директно вклучување од Њујорк на телевизија Н1.

Уште едена во низата изјави е на долгогодишниот медијатор во спорот со името помеѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц. Тој во интервју за независната балканска агенција (Independent Balkan News Agency – IBNA) изјави: Се надевам дека ќе можеме да ги забрзаме преговорите подоцна оваа година. Двете земји рекоа дека се заинтересирани. Во последниве месеци, односите се подобрија и очекувам поголема активност.

Во гостувањето на емисијата “360 степени” на телевизија АлсатМ , Зоран Заев само ги потврдите ваквите изјави и ги објасни своите намери. Тој вели: ‘’Грција е навистина пријателски настроена , има проблем само со нашето уставно име и затоа ќе изнајдеме решение’’.

Ако се земат во предвид сите овие изјави и постапките на новата Влада, таа е решена да ја свитка “кичмата” и да го примора македонскиот народ да го смени името во блиска иднина.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This