ИМЕТО ЌЕ СЕ МЕНУВА СО ЧОЧЕЦИ, ГНЕВЕН Е ГЕРОСКИ: Ќе го менуваат името со чочек и музика од Аца Лукас!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредникот на „Слободен печат” и „Плус Инфо”, Бранко Героски, кој важи за еден од пионерите во македонскиот медиумски плурализам, во неговиот последен коментар во врска со спорот за името ги нападна оние кои го мразат македонското име.

Значи, никогаш, ни на сон, не сум помислил дека толку многу луѓе – толку многу добри луѓе, патем речено! – го мразат своето македонско име. И дека одвај чекаат од него да се ослободат. Како од некоја бемка која утре, не дај боже, може да стане малигна.

Си велев, еден ден, кога ќе се предаваме, можеби нема баш солзи да рониме, ама барем малку мака ќе ни биде. Малкуцка барем. Оти пеевме, нели, македонско име нема да загине. И… А бре Македонче, да.

Сега знам, ако го загинеме името, прво во таа чест ќе се одржи света архиерејска литургија, а потоа ќе прославиме со концерт на Аца Лукас и со чочек во тунел.

И после се чудиме зошто некои велеа (и сѐ уште велат) дека сме биле коминтерновска творба. Па тоа е комплимент, човече! Леснотијата со која го отфрламе македонското од себе покажува дека ние ни тоа не сме. Имено, не сме никаква творба. Евентуално творба во обид…
Боже, смилуј ни се. И прости ни како што им проштеваш на будалите и на пијаните со ваучери. У име оца, сина и Јустинијана прима, амин!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This