ИМЕТО ЌЕ СЕ МЕНУВА: Француските медиуми синхронизирано известуваат за промена на името, се потврди информацијата дека Заев со Пенс договарал ново име!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку француски медиуми во ист ден објавија анализа во која пишуваат дека набрзо ќе има разрешница на спорот со името. Весници „Хуманите“ и „Либерасион“, неделникот „Експрес“ и телевизијата ЛЦИ направија опширни анализа за спорот, од кога потекнува, зашто досега не е решен, зашто е важно за двете земји да го решат, за последните, како што ги нарекуваат позитивни сигнали од Скопје, за накрај да заклучат дека според нивните извори „се гледал крајот на овој проблем“, јавува ТВ Нова.

„По промените во власта во Македонија „новиот социјалдемократски премиер на Македонија, Зоран Заев, изрази волја да се надмине спорот за името на неговата земја веданш по неговиот избор во јуни, по што беше восптавена агенда на билатерални средби со Атина“
Текст за овој проблем, но во контекст на грчката позиција при решавањето на спорот излезе и во  весници „Товима“ и  „Катиремени“. Авторите заклучуваат дека постои извесна загриженост во Атина поради проактивната политика на новата влада во Скопје.

Поради оваа нова реалност и иницијативата на македонската Влада, сега притисокот повеќе паѓал врз Грција, да таа по активно да се вклучи во конечното решавање на деценискиот спор.

Во таа насока е и посетата на грчкиот министер за надворешни Кодѕиас, кој во Македонија на средба со Димитров, според последните најави доаѓа на 30 или 31 август. Предвидувањата се дека по првата средба за запознавање, овој пат двајцата министри ќе влезат и во по суштински разговори околку изнаоѓање на решение за името.

Минатата недела, српската редакција на Спутник објави ексклузивна информација од самитот на Јадранската повелба на која Македонија беше кодомаќин на потпретседателот на САД Мајкл Пенс, каде што Заев позади затворени врати понудил „решенија“ за промена на името.

Заев пред Пенс изнел неколку предлози за ново име на Македонија, па Република Македонија во иднина би можела да се вика „Горна Македонија“, „Северна Македонија“, или „Република Македонија (Скопје)“

Како што се дознава, Пенс го известил Заев дека Грците, кои досега Македонија поради тоа име ја блокираа на патот кон ЕУ и на патот кон НАТО, се согласни на понудените предлози. Заев, додава изворот, од Пенс побарал помош за реализација на тој план бидејќи граѓаните на Македонија се децидно против промена на името на државата, иако во меѓународниот систем Република Македонија е призната под името Бивша Југословенска Република Македонија (БЈРМ).

Оваа информација во кратко и бенигно соопштение беше демантирано од владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This