ИМЕТО ЌЕ ЈА РАСТУРИ ВЛАДАТА ВО ГРЦИЈА: Ако партијата на Каменос не гласа за договор за името, Грција ќе оди на избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако Независни Грци не гласаат за договорот за името на северниот сосед, Грција треба да оди на избори, вели портпаролот на ПАСОК, Павлос Христидис во утринска емисија на грчката телевизија Скај.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Христидис, освен што упати критики до актуелната грчка коалициона влада во однос на тоа дека нема единствена позиција во разговорите за името, ги повтори и позициите на неговата партија.

-Сакаме искоренување на иредентизмот, промена на Уставот, да нема фалсификување на историјата, да постои единствена позиција, да нема поделба на решението на делови и ова да дојде во парламентот, а таму ќе ги изнесеме нашите ставови, кога од владата ќе добиеме заеднички предлог. Земјата има влада на СИРИЗА и Независни Грци, не може кога и одговара да е само СИРИЗА, а кога не и одговара да е СИРИЗА и Независни Грци. Ако не гласаат Независни Грци, земјата треба да оди на избори, рече портпаролот на ПАСОК. (МИА)

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This