ИМПЕРИЈА ЗАТСКРИЕНА ПОЗАДИ ПОПУЛИЗАМ: Список на сите интервенции и пpeкpшувања на меѓународни правила од страна на САД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од граѓанската вojнa во Сирија, политичката кpизa во Македонија која резултираше со промена на името, гpaѓaнcкaтa војна во Украина, инвaзиjaтаa на Ирак до најновата интервенција на САД во Венецуела, имаат само еден заеднички именител – Соединетите Американски Држави.

Кpитичapитe на надворешната политика на САД, кои начинот на водење на спроведување на стратешките планови на најмоќната економија во светот (иако во опаѓање пред Кинеската), често ги посочуваат примерите во кои Соединетите Држави директно и флагрантно се мешале во внатрешните работи на државите, кои неретко завршувале со кpвaви пиpoви.

Ова е краток список на интервенциите на САД низ светот.

Нajгpуби кршења на меѓународни договори од страна на САД

  1. 1963-1973 – Вклучување на САД во Виетнамската војна (прекршена Повелба на ОН)
  2. 1983 – Вооружена инвазија на САД врз Гренада (прекршена Повелба на ОН)
  3. 1985-2003 – Повлекување на САД од УНЕСКО (Организација на ОН за образование, наука и култура – УНЕСКО)
  4. 1986 – Напад на САД врз Либија (прекршена Повелба на ОН)
  5.  1989-1990 – Инвазија на САД врз Панама (прекршена Повелба на ОН)
  6. 1996 – САД го потпишаа Договорот за целосна забрана на нуклеарни тестови, но до ден денес го немаат ратификувано (Договор за целосна забрана на нуклеарни тестови)
  7. 1999 – Бомбардирање од страна на САД врз СР Југославија (прекршена Повелба на ОН)
  8. 2001 – Претседателот на САД, Џорџ Буш најавува еднострано повлекување на САД од Договорот за ограничување на системите за противракетна одбрана
  9. 2001 – Вашингтон соопшти дека нема да се придржува до одредбите на Конвенцијата за биолошко оружје, доколку во неа не се внесат одредени измени
  10. 2001 – Администрацијата на САД одби да ги исполнува авоите обврски кон Рамковната конвенција на ООН за климатски промени (Протоколот од Кјото)
  11. 2002 – Претставници на воените елити на САД изјавија дека не ја исклучуваат можноста за користење на нуклеарна муниција против држави кои немаат нуклеарно оружје, како и против терористи (Договор за не-зголемување на нуклеарно оружје)
  12. 2003 – Инвазија на САД врз Ирак (прекршена Повелба на ОН)
  13. 2011 – Интервенција на НАТО, на чело со САД, во Либија (прекршена Повелба на ОН)
  14. Од 2014 до денес – Интервенција на САД и сојузниците во Сирија (прекршена Повелба на ОН)
  15. 2017 – Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша декретот за излегување на САД од ТПП (Транспацифичко Партнество)
  16. 2017 – Трамп го потпиша декретот за почеток на преговори со Мексико и Канада, како би ги променил условите на Северноамеричкиот договор за слободна трговија (NAFTA)
  17. 2017 – Претседателот на САД го најави излегувањето на САД од Парискиот договор (Париски климатски договор)
  18. 2017 – САД го најавија повлекувањето од УНЕСКО. Одлуката стапи на сила на 31.12.2018 година (Организација на ОН за образование, наука и култура – УНЕСКО)
  19. 2018 – САД ја замрзнаа соработката со Русија во рамките на Договорот за отворено небо
  20. 2018 – САД побараа затварање на Генералниот конзулат на Русија во Сан Франциско, трговското претставништво во Вашингтон и одделението на трговското претставништво во Њујорк (прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи)
  21. 2018 – Претседателот на САД најави повлекување од Заедничкиот сеопфатен акционен план за иранската нуклеарна програма (Иранскиот нуклеарен договор)
  22. 2018 – Трамп најави излегување на САД од Договорот за елиминација на ракетите со среден и краток дострел (Договор за елиминирање на ракетите со среден и краток дострел)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This