ИМПИЧМЕНТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ: Парламентот за започна седницата за импичмент на албанскиот претседател Мета!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Започна пленарната седница на која на дневен ред е барањето за импичмeнт на претседателот на Албанија, Илир Мета.

Образложувајќи го барањето, координаторот на пратеничката група на владејачките социјалисти Таулант Бала, истакна дека одлуката на претседателот Мета за одложување на локалните избори претставува „акт без преседан“, додавајќи дека ова е прва седница во 28-годишниот период на демократија во Албанија, на која се расправа за разpешување на шефот на државата. –

Овој чин без преседан со одлуката на претседателот за одложување на датумот на избори го оценуваме како апсолутно неважечки, чин кој е во спpотивност со неговите уставни надлежност и уставните начела и е со цел да се спречи остварувањето на уставното право на Албанците. Од тие причини ја побаравме оваа дебата, што е првпат во 28-те години албанска демократија и на крајот ќе ве повикам сите заедно да ја усвоиме Резолуцијата за разpешување на претседателот. Надлежноста на претседателот е одредување на датумот за избори, а не и негово поништyвање, изјави Бала, додавајќи дека оваа иницијатива е во согласност со Уставот.

Тој посочи дека изборниот процес го спроведува Централната изборна комисија и додаде дека изборите ќе се одржат на 30 јуни. Во рамки на петчасовната дебата се очекува да зборува и албанскиот премиер Еди Рама. Во меѓувреме, Мета најави обраќање за 17 часот, што ќе биде негово трето обраќање оваа недела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This