ИМ ЛЕТНА ВРАПЧЕТО: „Независната“ Александрова бара да се забрани греење на дрва во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ следната недела ќе поднесе закон, кој предвидува сет мерки против загадувањето, а ќе почне да важи од 2021-ва година, со кој е предвидено 50 проценти да се намали загаденоста во Скопје. Како што рече пратеничката Емилија Александрова, со законот ќе бараат забрана за греење на дрва и целосна екологизација на институциите и домовите


„Со овој закон ќе иницираме да престане да се користи јаглен, нафта, мазут, како и греењето на дрва. Ќе бараме бесплатни печки на пелети, субвенционирана цена на пелети, приклучување на сите институции на системите за топлификација, а јавниот превоз, односно автобусите да бидат на метан или на електричен погон. Истото ќе важи и за такси превозниците. Согорувањето на масло, гуми да биде кривично дело и да се стави забрана на увоз и согорување на отпад“, рече Александрова. Ги повика сите политички чинители да дадат поддршка на законот за да може да го донесе овој парламентарен состав до распуштањето на Собранието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This