ИМ НЕМА КРАЈ НА ЛAГИTЕ: Ветија сѐ и сешто, а не остварија ништо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На лaгите на тригодишната власт на СДСМ предводена од Зоран Заев им нема крај.

Пред да дојде на власт Заев како опозиционер предлагаше Македонија да се приклучи кон гасоводот „Транс Атлантик“, но и три години откако е на власт нема ништо од оваа бледа лaга на Заев.

„Предлагаме и инсистираме „Транс Атлантик“ гасоводот кој што поминува на неколку километри од јужната граница да биде плус алтернатива и тоа е предлогот кој што опозицијата го дава на конкурентни основи“, велеше Заев додека беше во опозиција.

Денес во ноември 2019 година не само што нема изведено приклучок, туку ниту пак се планира нешто такво да се направи.

За врзување со „Транс Атлантик“ цевководот, нeспособната власт на Заев нема направено ниту административни подготовки, а не пак реализација, ова преку својот Фејсбук профил го објавува фан страната „Заев лaжго по вокација“.

Но Заев дека е истите лaги ги ветува и во опозиција и на власт, е доказ и ветувањето дека во 2019 година ќе започне изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште.

-Во 2019 година почнуваме со изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште кои ќе бидат јавно приватно партнерство, а проектот ќе биде вреден повеќе од 800 милиони евра, велеше неодамна Заев пред македонскиот народ.

Сепак до денес, ноември 2019 година, на само еден месец до крајот на истата година ништо нема од ветениот проект на Заев.

Инаку во програмата и најголемата политичка лага наречена „Живот за Македонија“ стручњаците и експертите на СДСМ предвиделе изградба на Чебрен и Галиште, така што ќе ја подобреле физибилноста и со сопствени средства на ЕЛЕМ ќе го изграделе Чебрене и Галиште.

Фан страната „Лaгите на Заев“ во своето видео пишува дека доколку појдете по должината по течението на река Црна ќе видите дека ниту нешто се гради, ниту пак дека некој има намера да гради.

Докaз дека не само Заев туку и целата Влада под негова контрола ја лaжат јавноста и ветуваат лaжни проекти е изјавата на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.

Тој прво ветуваше дека во 2018 година ќе отпочне интерконекциската врска со Република Грција и со Република Бугарија се со цел магистралните гасоводи да бидат завршени до 2020 година.

Тој ова го ветува дури и на почетокот на 2020 година, а тоа е за само за еден месец од сега.

До денес, ноември 2019 година проектот за интерконективно поврзување со соседна Бугарија и Грција не е ниту отпочнат.

Нема никакви теренски и градежни активности во правец на реализација на овие проекти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This