Им текна: Коцарев смета дека МАНУ треба и мора да понуди нaучна и aргументирана анализа на Преспаснкиот и Договорот со Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

МАНУ треба и мора да понуди научна и аргументирана анализа, водејќи сметка за достоинството на сите, вклучувајќи ги и Македонците, рече во вечерашното интервју во емисијата „Што не е јасно“ претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев.

Потреба за научна и објективна анализа на Спогодбата од Преспа и Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија постои веќе подолго време. Така на пример, МАНУ и другите институции во државата треба повторно да проговорат за различните толкувања на членовите во Спогодбата и импликациите што тие ги имаат врз иднината на Македонија. Уште повеќе што во 2021 година една реномираната англиска издавачка куќа ќе објави книга со наслов Македонија и идентитетската политика по Спогодбата од Преспа, во која е поместен текст на проф. Виктор Фридман, член на МАНУ надвор од работниот состав, насловен „Чаша полна до половина или пехар со отров? Спогодбата од Преспа и современиот македонски јазик“. Според Фридман „ако формулацијата се толкува на тој начин, или ако Македонија е принудена од ЕУ да ги прифати бугарските негирања за постоењето на македонските дијалекти, тогаш Спогодбата од Преспа ќе биде повеќе пехар со отров“.

Член 3б од Спогодбата, на англиски јазик “The nationality of the Second Party shall be Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia, as it will be registered in all travel documents”, на македонски јазик е преведен како: „Државјанството на Втората страна ќе биде македонско / граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи“. Категоријата ‘државјанство’ се изведува од терминот граѓанин, на англиски јазик: citizenship и citizen. Така, во англиската верзија, членот 3б јасно разликува две категории: ‘националност’ и ‘државјанство’ (или граѓанин, жител). Уште повеќе, во англискиот член кај националност е наведен зборот „македонска“, а кај државјанство синтагмата „граѓанин на Република Северна Македонија“. Оттука, може да се констатира дека македонскиот превод нотира само една категорија. Во него е испуштена категоријата националност, а зачувано е само државјанството (граѓанин). Не навлегувајќи подетално во оваа тема, само би напоменал дека термините националност и државјанство не се синоними и имаат различни значења.

Интересно е да е спомне дека во член 15 (1 и 2) од Универзалната декларација за правата на човекот на Обединетите нации, стои: „Секој има право на националност“ и „Никој не смее самоволно да биде лишен од својата националност, ниту од правото да ја промени националноста“. Исто така, Универзалната декларација за правата на човекот на
Обединетите нации во ниеден член не го спомнува терминот државјанство.

Кои се мотивите, уште повеќе кои се последиците од тоа што терминот nationality во Спогодбата е преведен со државјанство, а не со националност? Ако преводот е погрешен, зарем тоа не треба да се смени? Ако за некои мислители не е спорен македонскиот идентитет и македонската етничка припадност, дали Спогодбата од Преспа (веќе) доведе до истребување, лишување на македонската националност? Дали со Спогодбата е доведен во прашање суверенитетот на нашата држава? Ова се само мал дел од прашањата за коишто МАНУ треба и мора да понуди научна и аргументирана анализа, водејќи сметка за достоинството на сите, вклучувајќи ги и Македонците, истакна академик Коцарев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This