Имeтo дa го вpaтите – СДCM ce пpeтвора во пapтија на евpocкeптици: Ѓopѓи Спacoв ќе пpeживеел без EУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веројатно никогаш досега, избори во Бугарија не биле следени кај нас со толкав интерес како последниве, на 4 април. Причина за тоа е блокадата за добивање датум за почеток на преговори со Европската унија, што источниот сосед ѝ ја наметна на Македонија.

Се сметаше дека на врвните бугарски политичари, рацете им се вразани, поради коалициите во власта, но и поради расположението на јавноста. Дали сега, кога резултатите се познати, познат е и ставот на Бугарија за она што нас нѐ интересира најмногу? Токму тоа го прашавме професорот Ѓорѓи Спасов, кој во својата дипломатска кариера, меѓу другото беше и амбасадор на Република Македонија во Софија.

Ние не сме полоши од Бугарија и од Романија во времето кога тие станаа членки на ЕУ. Нас долго време нѐ убедуваа дека треба, пред сѐ, да го решиме спорот околу името со Грција. И тоа се направи со херојски и со многу ризични потези. Секое понатамошно условување за почеток на разговорите, според мене веќе не зависи од тоа што ние ќе направиме, ниту многу од тоа што сака Бугарија да прави. Прашањето е дали има сериозна желба кај членките на ЕУ за натамошно проширување или во главата им се мотаат и други идеи за останатите земји од Западен Балкан. Оттука, треба да се има храброст да се каже дека ЕУ е најдобрата можна алтернатива за нас, но и дека ако не нѐ сакаат, поради свои егоистични интереси, тогаш ќе преживееме и без нив, и без уцени. Треба да се има достоинство, без оглед на големата желба.

Извор интервју на Ѓорѓи Спасов за Нова ТВ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This