March 29, 2024, 12:24 pm

Имyнoлoг пpeпopaчyвa: He мepeте aнтитeлa вo kpвтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антителата се само еден вид одбрана од коронавирусот и врз основа на нивната количина не може точно да се утврди дали сме имуни или не, изјави за РТС имунологот Милош Марковиќ од Медицинскиот факултет во Белград. Тој ги повика луѓето да се вакцинираат и да не ја мерат количината на антитела.

„Антителата се само еден вид одбрана, секоја инфекција предизвикува Т-лимфоцити, ние правиме и некои мемориски клетки кои живеат и паметат долго време и кои кога повторно ќе се сретнат со вирусот, подобро реагираат и нè штитат“, објаснува професорот Марковиќ за РТС.

Тоа е, како што вели, имунолошка меморија и врз основа на тоа имаме имунитет кога ќе ја прележиме инфекцијата и по вакцината.

Единствените антитела, посочува, кои даваат појасни информации се неутрализирачките антитела, чија количина може да ја направат само специјализирани лаборатории.

Што и да измерите во која било лабораторија, нема да измерите ниту еден параметар дали сте имуни или не“, вели Марковиќ.

„Дури и да го направите тој тест, не знаеме кое е нивото на заштита и мојата порака е јасна – воопшто не мерете антитела“, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This