ИНВЕСТИТОРИТЕ БЕГААТ ОД МАКЕДОНИЈА: Наместо во Македонија, индискиот произведувач на трактори влезе во Србија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Индустријата на машини и трактори Белград-ИМТ која беше во стечај, беше продадена на индиската фирма ТАФЕ, по почетна цена од околу 66 милиони динари, односно 33 милиони македонски денари

Камал Ахуда, европски директор на TAFE за TAFE, рече дека трактори во Србија ќе бидат произведени под овој бренд и ќе се продаваат во Југоисточна Европа, а подоцна и на други пазари.

Проценките се дека првите трактори ќе бидат произведени за една година и дека во првите пет години ќе се произведуваат околу 5.000 трактори.

Додека соседна Србија станува лидер во регионот по привлекување на инвестиции во Македонија нема влезено ниту една инвестиција која би значела отворање на нови работни места и развој на економијата. Очигледно е дека странските инвеститори ја заобиколуваат Македонија како бизнис дестинација. Експертите велат дека лошите економски политики кои ги води владата ја прават Македонија нестабилна и непопуларна помеѓу инвеститорите на капитал. Додатно во јавноста излегоа информации дека Во Србија доаѓа нова германска фабрика која ќе донесе нови 1.000 вработувања.

Српските медиуми пишуваат дека германската компанија “Friedrishafen” ќе гради фабрика во Панчево.

Во изјавите беше кажано дека оваа германска компанија само во првата фаза ќе вработи 540 луѓе додека долгорочниот план е да се вработат околу 1.000. Оваа инвестиција ќе изнесува 40 милиони евра додека компанијата планира да инвестира додатни 45 милиони евра до 2020 година стои во официјалното соопштение.

Македонија од најпосакувана бизнис дестинација и лидер во регионот по привлекување на странски инвестиции и спроведени реформи значително заостанува во регионот. Економистите сметаат дека ваквата состојба е алармантна поради фактот што целокупната европска и светска економија расте додека Македонија стагнира на секое поле и не ги користи поволните економски светски движења за развој на домашната економија.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This