Инвеститорите пет пати повеќе веруваат во економијата на ВМРО отколку на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На аукцијата на државни хартии од вредност која ја спроведе Министерството за финансии поради огромната побарувачка на државни хартии од вредност од страна на инвеститорите каматата се намали на 2,4 отсто што е најмалата каматна стапка последниве неколку години. Ако се спореди со каматната стапка на државни хартии од вредност во време на владеење на СДСМ, која пред 13 години го воведе овој финансиски инструмент, кога државните хартии се запишуваа за камата од над 11 отсто се повеќекратно намалување, пишува Лидер.

280342-premierot-gruevski-na-biznis-forum-vo-parizyjn56uj56u5

Од Министерството за финансии велат дека намалената каматна стапка се должи на големата побарувачка од страна на инвеститорите, кои на аукцијата побараа да купат државни хартии од вредност во износ од над 5 милијарди денари, иако понудата изнесуваше 1,9 милијарди денари. Како што посочуваат, големиот интерес е резултат на довербата на инвеститорите во економските политики, бидејќи како што е познато државните хартии од вредност се сметаат за најсигурни хартии од вредност на пазарот на капитал. Големата побарувачка, подготвеноста да се плати многу пониска камата покажува дека довербата во економијата е голема.

За разлика од денес, во време на владата на СДСМ, инвеститорите довербата во државните хартии од вредност ја наплатуваа петкратно повеќе, односно камата беше над 11 отсто, коментираат економистите.

Државните хартии од вредност го финансираат буџетскиот дефицит

Согласно буџетот за 2017 година, буџетскиот дефицит ќе се финансира од домашни и надворешни извори. Буџетскиот дефицит е разликата помеѓу приходите во буџетот и расходите, односно поголеми расходи во однос на приходите. Економиите во развој, со цел да постигнат поголем економски раст, ја стимулираат потрошувачката со тоа што буџетот се планира со дефицит. Дефицитот се финансира од надворешни кредити и од домашни извори, како издавањето на државни хартии од вредност.

Министерството за финансии преку соопштение истакна дека издавањето на државните хартии од вредност е со цел да покрие дел од буџетскиот дефицит. Како што посочуваат од таму, со оглед на високата побарувачка и ниската каматна стапка, државните хартии од вредност се евтин извор за финансирање на буџетскиот дефицит.

Аналитичарите коментираат дека освен за финансирање на буџетскиот дефицит, издавањето на државните хартии од вредност е неопходно за развивање на пазарот на капитал во земјава. Како пример го даваат поранешниот министер за финансии Никола Поповски од СДСМ кој иако имаше планирано буџет со суфицит сепак издаваше државни хартии од вредност и тоа по далеку повисока камата. Тој плаќал висока камата за капитал за кој немал тековна потреба, односно кој стоел на депозитна сметка, се во насока на развој на пазарот на капитал.

Аукциите на ДХВ во функција на политичката пропаганда

Социјал- демократскиот сојуз секоја аукција на државните хартии од вредност ја проследува со соопштенија за јавност и прес-конференции во кои обвинува дека државата се презадолжува и прашува за која намена.

Економистите коментираат дека секој што има економски познавања знае дека државните хартии од вредност служат како финансиски инструменти за финансирање на буџетот. Пропратувањето на аукциите со сензационализам, иако тие се вообичаена практика секаде во светот, е чист политички маркетинг.

Зошто СДСМ не ги проследува аукциите на благајничките записи на Народната банка? – прашуваат аналитичарите.

СДСМ кон крајот на минатата година бараше целосно да се укине издавањето на државните хартии од вредност. Економистите анализираат дека со тој потег ќе дојде до дисторзија на пазарот на капитал во земјава. Коментираат и дека е нелогично оние кои го вовеле овој инструмент да го бараат тоа.

ММФ со позитивни оценки за долгот и за ДХВ

Во својот последен извештај за земјава Фондот оцени дека Македонија е умерено задолжена земја. Исто така, тие имаа одлични оцени за пазарот на капитал во земјава и пазарот на државните хартии од вредност.

Како што истакна министерот за финансии Кирил Миноски, буџетот е во одлична состојба, а буџетскиот дефицит минатата година е реализиран во рамки на Мастришките критериуми, што укажува на прудентната политика на јавен долг која се води.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This