ИНВЕСТИТОРИТЕ СИ ОДАТ: Инвеститорите си одат заради погубните владини анти инвеститорски политики, економијата крахира!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За какво придвижување на економијата говори СДС кога за само 5 месеци од нивното доаѓање на власт македонската економија крахира. Инвеститорите си одат заради погубните владини анти инвеститорски политики, даноците се покачуваат, индустриското производство тоне, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-По самото доаѓање на власт на СДСМ индустрискиото призводство бележеше пад од 5 %. Бруто домашниот производ имаше вредност -1.8% кога сите други економии во регионот бележеа раст, градежништтвото паѓа, се е во пад. СДС постојан ги манипулира граѓаните со своите слаткоречиви лаги за живот додека бројките го зборуваат сосема спротвиното. Бројките кажуваат дека економијата тоне, нема инвестиции во капитални проекти а уште помалку странски инвеститори ниту еден странски инвеститор не е влезен во државата од кога дојде на власт СДС која ги штити само интересите на луѓето блиски до СДС и нивните бизниси. Тие не сакаат конкуренција од странски фирми па затоа водат анти-инвеститорска кампања, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Како што е познато во јавноста владата на СДС константно и без никаков срам ја задолжува Македонија и македонските граѓани. Не им беа доволни 523 милиони евра од кои никој аир не виде не се изгради ниту еден пат ниту пак се изгради училиште сега додатно е закажана нова аукција за хартии од вредност на официјалната страна на Министерството за финансии. Криминалното трио на чело со Зоран Заев ќе ја задолжи Македонија за додатни 71 милион евра. Каде се трошат тие пари, Заев ги задолжува граѓаните додека со позајмените пари не се гради ништо и згора на тоа се покачуваат даноците како што најавија од владата а на крајот сето тоа оди преку грбот на македонскиот граѓанин“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This