ИНВЕСТИЦИЈА ОД 20 МИЛИОНИ ДЕНАРИ НА ОПШТИНА КАРПОШ: Фонтана, детско игралиште и столна лампа – Бардовци доби нов модерен плоштад

Поврзано

- Advertisement -

- Advertisement -

Населбата Бардовци доби нов, модерен плоштад со фонтана, детско игралиште и интересно осветлување. На свеченото отворање присуствуваа голем број граѓани, а одговорните од општината, задоволни од реализацијата на овој инфраструктурен проект, изјавија дека плоштадот е изграден на иницијатива на жителите на Бардовци и чини околу 20 милиони денари.

– На овој плоштад, жителите на населбата Бардовци, ќе може да се релаксираат преку ден, но исто така и да прошетаат навечер. Најмалите карпошани од ова населено место ќе може да се рекреираат и да си играат во детското игралиште, велат општинарите.

Тој најави дека на 26, овој месец ќе се отвори тендерската постапка за изградба на нова градинка во склоп на основното училиште ,, Аврам Писевски#, а неколку дена подоцна, ќе се отвори и тендерска постапка за асфалтирање и поправка на околу 26 помали улички во месната заедница Бардовци.

– Со ова, практично населбата Бардовци, ќе ги има сите потребни инфраструктурни услови, како и преостанатите населби на територијата на Општина Карпош, како што се нови и модерни училишта и градинки, плоштад, атмосферска и фекална канализација, асфалтирани улици, и со тоа Бардовци ќе ги задоволува сите потребни услови за домување и живеење, особено што е позната како населба во која граѓаните се доселуваат, додаваат од општина Карпош.

Жителите на Бардовци велат дека ова е ново катче за одмор, рекреација, како и за дневни и вечерни седенки.

-Со сите реализирани и планирани активности, општина Карпош станува се попосакувано место на живеење, велат тие.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This