Индија со над 50.000 новозapaзени , кopoна има и министерот за внатpeшни работи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Индискиот министер за внатрешни работи и лидерите на двете најголеми индиски држави се хоспитализирани поради „ковид-19“, а дневниот број на заразени денеска надминува 50.000, петти ден по ред.

Земјата во последните 24 часа пријави 52.972 нови инфекции и вкупно 1,8 милиони случаи, покажуваат податоците на индиското Министерство за здравство и семејство, што ја прави трета по број земја во светот по САД и Бразил.

Со нови 771 смртни случаи, 38.135 луѓе во Индија умреле од ковид-19, вклучително и министерот во најнаселената држава Утар Прадеш, кој почина вчера.

Федералниот министер за внатрешни работи Амит Шах, еден од најблиските соработници на премиерот Нарендра Моди и премиерот на јужната држава Карнатака се вчера хоспитализирани.

Водачот на Централната држава Мадја Прадеш исто така се опоравува во болница.

Сè уште не е познато дали соработниците од министерството на Шах се во изолација.

Бидејќи инфекцијата се шири брзо во земјата и се регистрирани рекордни 57.111 случаи во саботата, Индија исто така ги засили напорите да тестира повеќе луѓе и да бара вакцина.

Министерството за здравство објави на Твитер дека здравствените власти дозволиле Националниот институт за лекови, најголемиот светски производител на лекови, да спроведе клинички испитувања на вакцините што ги развиле универзитетот Оксфорд и АстраЗенека .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This