ИНДУСТРИСКИОТ ГИГАНТ „ФЕНИ“ СЕ РАСТУРА: Продолжува голготата на вработените во „Фени“ откако беа излажани од Анѓушев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основниот суд Велес денеска отвори претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка за Фени индустри од Кавадарци.

За времен стечаен управник е назначен Мирослав Атанасиевски од Гостивар, а првото рочиште е закажано за 13 ноември во Основен суд Велес.

– Постапувајќи по предлог на овластен предлагач-доверител, со решение на Основен суд Велес на ден 31.10.2017 година поведена е претходна постапка над должникот Друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услоги Фени индустри АД Кавадарци и закажано е рочиште за испитување на условите за отворање на стечајна постапка за ден 13.11.2017 година во 12:00 часот. Во текот на претходната постапка од страна на судот се определени мерки на обезбедување согласно одредбите од Законот за стечај и тоа, именуван е привремен стечаен управник, одредена е општа забрана за располагање со имотот на должникот, забрането е одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот и забранети се исплати од сметката на должникот, се вели во одлуката на Велешкиот суд.

Барањето за отворање стечајна постапка за Фени вчера го поднесоа Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Силк роуд банка АД Скопје како најголеми доверители на „Фени индустри“ Кавадарци.

Целта на поднесувањето на стечајната постапка, информираат од банките, е во најкраток можен рок со продолжување на активностите на Фени индустри да се изврши реорганизација. Тие предлагаат да се изнајде сериозен инвеститор кој ќе може да ги преземе и сервисира обврските на Фени индустри кон вработените, банките и другите доверители и со дополнително инвестирање да овозможи натамошно работење на комбинатот.

Сегашниот сопственик на Фени индустри Кунико, има неисполнети обврска од 40 милиони евра кон трите банки, како и дополнителни 20 милиони евра кон останати доверители.

Синдикатот на „Фени“ не прифаќа стечај и најави дека со штрајкови ќе ги блокира и судот и банките ако дојде до тоа.

-Ако за нас нема работа, нема да има ниту за нив, вели Ѓоре Палитов, претседател на Синдикалната организација. Тој рече дека стечај не е прифатлив, затоа што во такви услови работниците треба да седат дома и да не земаат плата. „Како вработени во Фени и јас како претседател на Синдикатот нема да останеме мирни и добродушни и на сето ова да седиме и молчиме. Ние мораме да си ги одбраниме нашите права. Толку народ да остане без корка леб, нема да дозволиме“, вели Палитов, пренесува порталот SDK.MK.

Порталот пренесува дека Палитов рекол  дека вчера на тричасовната средба вицепремиерот Кочо Анѓушев им тврдел дека Владата ќе се заложи за да не дојде до стечај. Само што се вратиле во Кавадарци, биле информирани дека банките побарале стечај и тоа многу ги налутило.

Ова не е прв пат висок претставник од Владата на Заев да им дава лажни ветувања на вработените.

Сметките на „Фени индустри“ се уште се блокирани иако вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев неодамна изјави дека Владата е посветена на изнаоѓање решение за проблемот со нив.

Клучно за вработените во ФЕНИ е да не се изгасне печката на фабриката за која е потребно постојано да има 5 мегават на час струја. Доколку се изгасне печката, тоа би значел крај за гигантот, затоа што како што тврдат експертите после тоа фабриката ќе стане само старо железо.

Со струја ФЕНИ се снабдува од компанијата ЕДС, која е во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This