Индуcтpиcкoтo пpoизвoдcтвo згoлeмeнo зa 5,4 пpoцeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Индустриското производство во јули 2021 година е намалено за 0,6 отсто во однос на јули 2020 година, а во периодот јануари – јули 2021 година во однос на истиот период лани бележи зголемување за 5,4 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи пораст од 39,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 3,9, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4,9 проценти.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 20,5 отсто, Капитални производи за 14,2 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 проценти, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 20,8 и Трајни производи за широка потрошувачка за 9,6 отсто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This