ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОЧИТ: Град Скопје ќе вработува бездомни лица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, одржа состанок со бездомни лица коишто се заинтересирани и мотивирани да бидат работно ангажирани.
trajanovski_bezdomnici
На состанокот со лицата се разговараше за нивното претходно работно искуство и за можностите за нивно вработување и активно придонесување во општеството.

До сега, во 2016 година со поддршка на Град Скопје, работно се ангажирани осум лица во јавните претпријатија, а таа практика Градот планира и во иднина да ја продолжи и да им помага на оваа категорија граѓани. Со континуирана грижа и вработување на нови лица значително се подобрува квалитетот на животот на овие граѓани во ризик, жители на Град Скопје.

На состанокот активно учествуваше и претставник на Црвен крст на Град Скопје, координатор на активностите на Пунктот за бездомни лица во Момин Поток, кој, исто така, секоја година е поддржан со 500.000 денари од Буџетот на Град Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This