Инспектори Град Скопје почнаа да ги бележат терасите на кафаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Град Скопје денеска почна да ги бележи терасите на кафеаните, за да се спречи узурпација на јавната површина. Инспектори од Град Скопје заедно со работници од ЈП „Улици и патишта“ низ Дебар Маало ги мереа терасите на кафулињата и со црвена лента бележеа до каде може да им бидат распослани масите и столиците.

„Врз основа на издадените елаборати и Правилникот на Град Скопје за поставување летни тераси, одредуваме до каде може да бидат терасите. Онаму каде има отстапување им наложуваме на сопствениците да ги повлечат масите. Со тоа ќе се ослободат тротоарите за пешаците“, вели раководителот на инспекторатот на Град Скопје Мирослав Богдановски.

Откако Градот ќе ги обележи терасите, општинските инпектори треба да вршат контрола на терен и ако има отстапувања да ги казнуваат угостителите. Казните се движат од 500 евра нагоре.

Одлуката која Советот на Град Скопје по предлог на градоначалникот Петре Шилегов ја изгласа на 11 април, предвидува на јавните површини на кои ќе се поставуваат маси и столици да има слободна проодна површина од 2,5 метри почнувајќи од рабниците или велосипедските патеки. На оние тротоари каде има дрва, столбови или друга опрема тогаш просторот за пешаци не треба да биде помал од 1,2 метри.

Угостителите во рамките на дозволената тераса да можат да постават и монтажна платформа со висина од 15 сантиметри, а настрешниците да бидат прицврстени со две греди кои треба исто така да се наоѓаат во рамките на обележаната површина за тераси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This