ИНСПЕКТОРКА ОД КУМАНОВО ОБВИНЕТА ЗА КРИМИНАЛИТЕ НА ЦИЦ: Раководителката на инспекцискиот надзор во општина Куманово „замижувала“ пред урбаната мафија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Раководителка на Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово е осомничена за несовесно работење во службата затоа што во текот на 2016 и 2017 година биле издигната зграда на територијата на овој град без одобрение за градење, а при тоа како вработена во Општината не реагирала и не отворила постапка.

„63-годишната В.Л. и покрај тоа што знаела и била должна да изврши надзор над изведувањето на градежни работи на предметната градба и да задолжи овластен градежен инспектор да изврши увид на лице место, пропуштила должен надзор и не превзела никакви мерки за да се спречи бесправната градба, односно не покренала никаква постапка против инвеститорот и изведувачот на градбата“, велат од полицијата.

Кривична пријава е поднесена и против инвеститорот, градителот и градежната фирма. Р.Ш.(46), Р.Џ.(47), двајцата од Куманово, како и правното лице ДТГУТ „МАСТЕР“ ДООЕЛ се товарат за „бесправно градење“

„Првопријавениот, како инвеститор на градба и второпријавениот, како Управител на пријавениот правен субјект, како изведувачи на градба, во текот на 2016 и 2017 година, во Куманово на улица „11-ти Октомври“, изградиле станбен објект од втора категорија, без Одобрение за градење до Сектор за урбанизам при Општина Куманово“, велат од МВР.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This