ИНСПЕКЦИИ ЗА ЗАПЛАШУВАЊЕ И ЗАМОЛЧУВАЊЕ: Александар Нацев обелодени дека критичките колумни кон власта причина за нова инспекција во ДБКИ за наводни „финансиски неправилности“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Александар Нацев, на својот Фејсбук профил, откри дека инспектори од МВР ја посетиле Дирекцијата за безбедност на класифицирани инфорамции со цел да утврдат евендуални „финансиски неправилности“ во неговиот мандат.

Нацев кој порано бил директор на ДБКИ кажа дека не е првпат инспекторите да „чешлаат” што било правено во неговиот мандат и порача дека со овие активности нема да го заплашат, ниту уценат и замолчат.

-Цензурата на режисерите, прогонот на уметниците, хајката врз политичките противници сега само се надополнува и со обидот за оцрнување на сите критички настроени експерти кон безбедносната заедница. После цели 4 (четири) мои колумни во кои дадов критички осврт на уназадувањето на состојбите во одбраната и застојот на реформите во безбедносниот сектор, пред два дена, на посета во ДБКИ, институцијата во која порано бев директор, на посета биле инспектори од МВР со цел да утврдат „финансиски неправилности“ во мојот мандат. Ова е вторпат како го прават ова, со цел да ме заплашат,уценат и замолчат. Нема да успеат… – напиша Нацев на Фејсбук.

Цензурата на режисерите, прогонот на уметниците, хајката врз политичките противници сега само се надополнува и со обидот…

Posted by Александар Нацев on Wednesday, October 17, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This