ИНСПEKTOPOТ ИЛИЕВСКИ PAЗОЧAPAH: Очекував пратениците да го ocyдат moбингот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Просветниот инспектор за високо образование, Ѓорѓи Илиевски, кој пред неколку месеци откри дека министерот за образование и наука Арбер Адеми незаконски е избран во наставно-научно звање доцент на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово во 2017 година, додека сѐ уште бил министер без ресор нема да се откаже од тешката битка за правда, откако денеска Собраниската Aнкетна комисија за човекови права се прогласи за ненадлежна да одлучува за неговиот случај.

Илиевски неодамна до собраниската комисија, чии членови се декларираат дека ќе стојат во одбрана на правата на граѓаните поднесе преставка во која се пожали на мобинг на работното место, откако го обелодени скандалот со незаконските унапредувања во образованието.

Надевајќи се дека ќе добие заштита од пратениците Илиевски јавно го образложуваше својот случај пред анкетната комисија на почетокот на ноември, но комисијата донесе заклучок дека Илиевски треба да бара судска заштита за мобингот.

Откако почна голготата на просветниот инспектор, тој вели дека случајот го пријавил и во Хелсиншкиот комитет и кај Народниот правобранител, а по препорака на ОБСЕ се обратил во собраниската Анкетна комисија за човекови права.

– Одлуката да се прогласи за ненадлежна за мобингот за кој по нивно барање доставив и дополнителни докази и материјали е голем минус за Анкетната комисија од која очекував да го осудат мобингот и да застанат во одбрана на укажувачите кога пријавуваат незаконско работење. Јас сум свесен дека Анкетната комисија не е суд и оттаму за мојот сучај поднесов кривична пријава до Основното јавно обинителство против Држаниот инспекорат и неговиот директор Томе Спировски, но сепак очекував да искажат осуда на мобингот, а тие не ме ни поканија да ми образложат што одлучиле по мојата преставка. Утрово телефонски ме информираа за одлуката и ме известија дека писмениот одговор можам да го подигнам во архивата на Собранието – вели инспекторот Илиевски за Плусинфо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This