ИНСТАНТ АСИМИЛАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: По апсењето на Едмонд Темелко, Бојко Борисов и Еди Рама договорил делење на бугарски пасоши на Македонците во Албанија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во телефонски разговор, бугарскиот премиер го повикал албанскиот колега Еди Рамада се заложи за закон што ќе ги гарантира правата на бугарското малцинство во таа земја.

Деновиве, министерот за надворешни работи и европски прашања Дитмир Бушати ги информирал пратениците за нацрт-законот закон што треба да ги регулираа правата на малцинствата.

Со новиот нацрт-закон се признава постоење на осум национални малцинства: Македонци, Грци, Египќани, Власи, Роми, Црногорци, Срби и Бошњаци.

Постоење на македонско малцинство, според сегашните закони, е признато само во општина Пустец каде живеат околу 5.000 етнички Македонци, но не и во други делови на Слнабија како Голо Брдо, Гора или Тирана.

Во својот повик до Рама, Борисов рекол дека очекувал законот да содржи клаузули кои ќе ги штитат правата на бугарското малцинство во Албанија.

Бугарија во последните години е во офанзива за пронаоѓање „бугари“ во оваа земја на кои им издава бугарски државјанства и пасоши.

Рама уверил дека Албанија нема да им наштети на интересите на бугарското малцинство.

Новиот закон претставува исполнување на обврските на Албанија кон Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства, но исто така и за исполнување на петте главни приоритети утврдени од Европската комисија, вклучувајќи ги и човековите права, пренесе албанската новинска агенција АТА.

Според нацртот кој има за цел да ги заштити правата и слободите на малцинствата, “луѓето што припаѓаат на националните малцинства имаат право на мирни собири, слобода на организирање, слобода на мислење и право да ја манифестираат својата религија”.

Одредбите на законот се однесуваат на области каде што малцинствата претставуваат 20 проценти од населението.

Според соопштението на бугарската влада на 28-ми септември, Борисов добил уверување дека подготовката на законот сѐ уште е во тек, пренесува независната балканска новинска агенција (IBNA).

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This