ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПРОСТИТУЦИЈА МЕЃУ ПЕНЗИОНЕРИТЕ: СДС дава по 100 евра од пензионер кој ќе ги брани пред камери!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ плаќа по 6.000 денари или речиси 100 евра на пензионерите кои ќе излезат пред камери и ќе ја бранат оваа партија, дознава Журнал.

Партијата има направено тарифа за плаќање на поддржувачи кои во периодот пред избори ќе излегуваат да ги бранат ставовите на СДСМ од позиција на други партии, невладини организации, експерти и група на незадоволни граѓани.

Според нашите информации Миле Андоновски, генерален секретар на Партијата на обединетите пензионери за денешната изјава со која го оправдува СДСМ затоа што не ги покачи пензиите, добил 100 евра во денарска противвредност кои му биле исплатени на рака од страна на член на социјал-демократската младина, со кого Андоновски се сретнал во саботата навечер во близина на т.ц. Лептокарија.

Андоновски инсистирал парите да му бидат исплатени ден пред прес-конференцијата, инаку се заканил дека нема да ја одржи. На СДСМ бидејќи им било исклучително важно било кој да се обиде да ги спасува за катастрофалната политика кон пензионерите, се согласиле на ова, иако обично било правило парите да се исплаќаат после одржаните прес-конференции или изјави на купените поддржувачи на СДСМ.

Партијата на обединети пензионери има незначително мал број членови, сите до еден поранешни комунисти и поддржувачи на СДСМ кои се користат само во вакви прилики кога или треба да се брани некоја политика на СДСМ или кога треба да се напаѓа ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме оваа партија е речиси непостоечка.

Но тоа нема да биде пречка денес оваа непостоечка партија да биде дел од вестите на телевизиите и порталите под контрола на СДСМ, точно како што е во замислениот план на партијата на Заев: за 100 евра да се купи изјава, па Роберт Поповски да се јавува и да ја шири по медиумите кои ги контролира со цел да ги прелаже граѓаните дека СДСМ и нивните катастрофални политики, кратења, намалувања имаат поддршка од пензионерите.

Инаку, СДСМ наместо 650 денари колку што ВМРО-ДПМНЕ даваше зголемување на месечно ниво секоја година или 7800 денари на годишно ниво, на пензионерите им покачи 1% од пензијата во рамките на услогласувањето при што сега, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога сите земаа по 650 денари, благодарение на СДСМ најсиромашните со 9000 пензија ќе добиваат по 85 денари на месец, а најбогатите со 35000 пензија ќе добиваат по 340 денари месечно.

Затоа ниту еден пензионер не сака да ги поддржи СДСМ освен ваквите кои добиваат по 100 евра за да дадат изјава.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This