March 29, 2024, 10:18 am

ИНТЕРВЈУ КОЕ ОДЕКНА КАКО БОМБА: Трамп ќе се откаже од влијанието врз Западен Балкан, за Русија да го превземе влијанието!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот претседател на САД Доналд Трамп нема да биде заинтересиран за Западен Балкан, вели германскиот политиколог Зибо Јансен

putin-tramp

Тој верува дека во регионот улогата ќе ја зајакнува Русија. Во интервју за Дојче Веле, Јансен рекол дека мисли дека Трамп потполно ќе се повлече од Балканот и ќе го „прогласи за европско прашање“.

„Со обзир на тоа што Европјаните и сами немаат единство по тоа прашање – на пример, Косово не го признаваат сите членки на ЕУ – тоа, според моето мислење доста јасно оди во правед дека Русија фактички таму ќе игра на големо во иднина или ќе има големо влијание“, додава Јансен, кој е предавач на Институтот за Англо-Американска историја на Универзитетот во Келн.

Зборувајќи за ширењето на НАТО во регионот, Јансен изразува сигурност дека во наредните неколку години нема да има проширување.

„Трамп за тоа нема да има интерес. Тоа за него е второстепено па и третостепено прашање, а без САД таму нема да има битни безбедносно-политички придвижувања. САД секогаш биле важен дел од НАТО и ако тие се повлечат, или делумно го намалат својот ангажман, тогаш тој сојуз од една страна го губи значењето, а од друга – сите идни проширувања се доведени во прашање. А тоа е, многу јасно успех за Путин“, додава германскиот политиколог.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This