ИНТЕРВЈУ НА РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА: Влезот во НАТО не гарантира појава на ceпаpaтизам и интерен eкcтpeмизам!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот амбасадор во Р.Македонија Сергеј Баздникин, во интервју за „Русија 24“ објаснува дека тука, во Македонија, се верува дека влезот во НАТО ќе значи и поголема безбедност за државата, иако земјата веќе е обиколена од земји членки на НАТО.

Според Баздникин, во Македонија се верува дека со влезот во НАТО ќе се спречеле идни, можни интерни конфликти што според амбасадорот нема логика, а како објаснување ги понуди примерите од новопримените членки во регионот.

„Република Македонија е практично опкружена со земји-членки на #НАТО. Овде веруваат дека приклучувањето кон НАТО ќе помогне да се зајакне безбедноста на земјата и да се намалат pизицитe поврзани со ceпapaтизмот и eкcтpeмизмот. Притоа, треба да се има предвид дека западната пропаганда на Македонците им ветува сѐ и сешто – економски раст, прилив на странски инвестиции, подобрување на животниот стандард на луѓето.

Дека сите овие тврдења се, најблаго речено, спорни, јасно покажуваат примерите на многу други новопримени членки на НАТО, вклучувајќи ги тука и некои од соседите на Република Македонија.

Тоа што сигурно ќе се случи е дека Македонците ќе морат двојно да зголемат одбрамбените трошоци. Какви ќе бидат последиците по социо-економската состојба на земјата е големо прашање. Во регионот дефинитивно ќе се појават нови линии на поделба кои ќе го дестабилизираат Балканот.

Што се однесува до Европската унија, поаѓаме од тоа дека членството на Република Македонија, кога тоа ќе се случи, нема да претставува пречка за унапредување на заемно полезната соработка со Русија.”

“Подготвени сме за натамошно унапредување на соработката со Република Македонија – толку интензивна колку за тоа се подготвени нашите партнери. Веруваме дека огромниот потенцијал скриен во руско-македонските односи, тоа го овозможува.“ – вели Баздникин.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This