ИНТЕРВЈУ НА СЕРГЕЈ ЛАВРОВ: Дел од пратениците биле затворани во канцеларии и им бил одземен телефонот – амбасадорот на САД бил во Собранието и знаел за сѐ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците кои недостасуваа за изгласување на Уставните измени во Собранието на Р.Македонија на 19.октомври, биле заклучувани во своите канцеларии, а нивните телефони одземени, додека во зградата на Собранието бил присутен и амбасадорот на САД Џејмс Бејли кој не бил таму без причина, вели рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за руската национална телевизија

„Му кажав (на Џон Болтон) дека не само што Русија е обвинета за мешање во САД, Шпанија (Каталонија), Брегзит, туку е обвинета и за се што се случва на Западен Балкан: ние се „обидовме“ да направиме пучво Црна Гора. Смешно е што сме обвинети дека ние сме се обидувале истото да го направиме во Македонија и да спречиме земјата да гласа влез во НАТО и ЕУ, базирано на извртени зборови на референдумското прашање ке е спротивно на Македонските закони.“ – вели Лавров.

Тој објаснува дека е јасно дека додека Русија молчеше во предреферендумскиот период, ген.секот на НАТО Столтенберг, американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, германската канцеларка Меркле, австрискиот Себастијан Курц и претставници на Европската комисија ја потсетија престолнината на Македонија, Скопје, без срам повикувајќи ги граѓаните да гласаат „За“ на референдумот за приклучување во НАТО и ЕУ, „само со“ менување на името.

Ваквото „подмолно“ фразирање на прашањето според Македонските закони е недозволено. Дозволено е едно референдумско прашање, на референдумот во Македонија имаше три – вели Лавров.

„Потоа, откако референдумот пропадна и немаше доволно излезност, пред неколку дена Македонскиот парламент гласаше за иницирање на процедура за промена на Уставот, девет гласови недостасуваа бидејќи опозиција не ги поддржува. Јавно беше познато дека гласовите се обезбедени со уцени, а дел со ветувања дека нема да продолжи истрагата против поединци-пратеници. Три пратеници беа ослободени од притвор. Недостасуваа уште неколку гласови, и според информациите, имало недозволиво однесување на дел од пратениците. Дел биле затворени во нивните канцеларии, а нивните мобилни телефони одземени. Амбасадорот на САД бил во зградата на Собранието за целото време, и тој не бил таму за ништо. Му го кажав ова на Џон Болтон, и тој се насмеа велејќи дека тоа е ‘многу тешка земја’“ – вели Лавров во интервјуто за руската национална телевизија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This