ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ:Божиќните празници се главни виновници за љубовните афери!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едни од главните виновници за изневерување се и божиќните празници, барем ако им веруваме на учесниците во интересните истражувања.

Интернет страницата која им помага на луѓето во брак да пронајдат други партнери, (да, постојат и такви интернет страници) „IllicitEncounters.com“, анкетирала 1000 корисници и дошла до интересен, но по малку и шокантен податок. Темата на истражувањето била изневерување. Поточно, периодот од годината кога луѓето најмногу се впуштаат во љубовни афери и ги изневеруваат своите партнери.

Нивното истражување покажало дека токму Божиќ е најпопуларниот период од годината за изневерување! Исто така, не се безопасни ниту божиќните дружења. Имено, како што пренесува Инсајдер, 57% од испитаниците изјавиле дека ги изневериле партнерите со колега од работа, токму на некои од тие дружења.

„Сексуалната напнатост која во текот на годината само се зголемува, често на божиќните забави конечно експлодира. Најчесто алкохолот придонесува за тоа и опуштеноста која инаку не е дозволена на работното место“, објаснил гласноговорникот на интернет страницата „IllicitEncounter.com“, Кристијан Грант.

Ако ова досега не ве изненади, погледнете ги следниве резултати:

Неројатни 85% од испитаниците изјавиле дека токму божиќното расположение во нив буди страст, но и возбуда поради она што го носат божиќните забави. Освен тоа, скромни 32% од оние кои изневериле, рекле дека жалат поради тоа, додека 46% од нив одлучиле да ја продолжат љубовна врска со новиот партнер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This