April 26, 2024, 11:39 pm

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ: Што се случува со телото кога ќе ослабите?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според податоците на Светската здравствена организација, повеќе од 2 милијарди возрасни луѓе не се исхрануваат здраво. Земајќи во предвид дека нашата култура промовира виткост, не е ни чудо што многу луѓе се обидуваат да ослабат. Прекумерната тежина е голема закана за здравјето и главна причина за развој на Дијабетес од типот 2 и болести поврзани со срцето. Погледнете како губењето на килограмите влијае на вашето тело.

-Вашите заби ќе бидат здрави

Кај луѓето од 18 до 36 години, дебелината може да биде причина за периодонтитис- воспаление на ткивото околу забите. Докажано е дека дебелината е поврзана со појавата на периодонтитис и кај младата популација. Здравата храна и физичката активност можат да го спречат или барем успорат развојот на периодонтитис.

– Се намалува ризикот од откажување на работата на бубрезите

Дебелината доведува до намалување на нефроните. Нефроните се посебни ќелии на бубрезите во кои се врши филтрација, апсорпција и лачење. Ако количината на масното ткиво продолжи да се зголемува, механизмот на бубрезите постепено се “расипува”, што доведува до откажување на бубрезите. Слабеењето ќе го намали ризикот.

-Смалете го ризикот од појава на Дијабетес 2

Дијабетесот од типот 2 се појавува кога телото ја губи способноста да лачи инсулин. Големата количина на масни наслаги ги прави ќелиите помалку осетливи на инсулин и шеќерот останува во крвта, што доведува до развој на оваа болест. Сепак, тука голема улога играат и гените.

– Се намалува ризикот од одредени видови карцином

Научниците пронашле врска меѓу неколку типови на карцином и дебелината. Присуството на вишок масти во телото влијае на метаболитичките и имуните процеси кои играат улога и во формирањето и во развојот на ќелии на карцином.

– Се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести

Кардиоваскуларните болести се еден од најголемите проблеми ширум светот. Научниците докажаа дека срцевите проблеми се почети кај луѓето со поголема тежина.

– Се подобруваат когнитивните способности

– Ќе престанете да грчите и ќе спиете нормално

– Се зголемуваат шансите за бременост

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This