ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН КРИМИНАЛЕЦ НА ЧЕЛО НА ЕЛЕМ: Се спрема ли Заев да направи нов „бомбона“ бизнис со ЕЛЕМ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од она што стравуваше македонскиот народ, тоа Зоран Заев ќе го оствари. Вчера на прес конференцијата Зоран Заев потврди за целата македонската јавност дека балканскиот мешетар  Александар Обрадовиќ е во најтесен круг за избор на директор на една од најбогатите фирми во Република Македонија, ЕЛЕМ, изјави на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

-Македонската јавност прашува како е можно Зоран Заев да го планира за директор на ЕЛЕМ, човекот кој бил набркан од позицијата директор на Електропривреда на Србија поради хедонизам, луксуз и неодговорно работење.  Изгледа дека за СДС и за владата на Заев не преставува никаков проблем што мешетар и неуспешен кадар од Србија ќе биде увезен за директор на најбогатата државна фирма ЕЛЕМ, рече Ѓорѓиевски.

Како што рече Ѓорѓиевски, медиумите во Србија за него пишуваат, а нашите медиуми преносоа дека плаќал 10 милиони евра за советници во време кога бележела загуби неговата фирма:

    • дека доделувал тендери за консултатски услуги со не му блиски фирми;
    • дека плаќал милионски суми само за промена на лого на фирмата во која претходно работел;
    • дека трошел милиони за семинари;
    • дека не почитувал правила за заштита на животната средина и на тој начин блокирал преговори со Светската банка;
    • дека ангажирал ТВ ѕвезди во Електропривреда на Србија;
    • дека ужива да летува во монденски места;
    • дека не ја осигурал ЕПС од поплави, заради што фирмата претрпела штети од стотици милиони евра во време на големите поплави во Србија во 2014-тата година;
    • и уште многу други афери и скандали поврзани со името на Александар Обрадовиќ.

-Ваков човек Зоран Заев фаворизира за директор на ЕЛЕМ и покрај тоа што целата јавност говори за неговите скандали, несовесно работење и неодговорност. Тоа говори дека Заев свесно има намера да го именува Обрадовиќ по секоја цена. Цела јавност се прашува која е целта за негово ангажирање, дали тоа е испумпување на милиони евра од касата на ЕЛЕМ или тоа е подготовка на фирмата за нов бонбона бизнис? Зошто молчи за ова вице премиерот Кочо Анѓушев, дали и тој се согласил ваков матен лик да го води столбот на македонскиот енергетски систем? Да потсетиме македонските хидроцентрали и термоелектрани, 4.800 вработени и 98% од домашното производство на струја ќе бидат доведени во прашање. Премногу е сериозно за ова да се премолчи, рече Ѓорѓиевски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This