ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЌЕ СЕ ГЛАСА ДЕНЕС: Седницата за гласање доверба на Владата закажана за денес во 11 часот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 11 часот ја закажа седницата за доверба на Владата, побарана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Џафери за четврток, пак, ги одложи продолженијата на три седници, што беа планирани за денеска, а на кои како останати точки од дневниот ред се реформските закони.

ВМРО-ДПМНЕ: Време да се стави крај на лагите, неисполнетите ветувања и хаосот на власта

Како што се вели во барањето на ВМРО-ДПМНЕ, оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ, докажа дека нема капацитет за водење на институциите кои се под извршна власт.

Во барањето за изгласување на доверба на Владата, се вели дека во изминативе 10 месеци СДСМ и ДУИ ги заборавија своите предизборни партиски програми и ветувања кои ги дадоа пред граѓаните на Република Македонија и не остварија ниту еден единствен проект и реформа со кои ја бараа довербата од граѓаните. Во барањето е пишано дека единствени проекти што се исполнети се нагло партизирање на институциите, бркање од работа на професионалците од институциите и нивно деградирање, заробено судство, луксузирање на владините институции со парите на граѓаните, политички реваншизам и слично. Како што се вели во барањето во првите шест месеци од владеењето на СДСМ отпуштени се илјадници луѓе од работа, а бројот на избркани од ден во ден се зголемува.

Во барањето се вели дека не само што нема никаков напредок, туку во државата има уназадување на секое поле. Се вели дека е деградиран политичкиот и правниот систем, кршењето на Уставот и законите станало пракса. Како што се вели во барањето владата потрошила залудно 10 месеци од животот на сите граѓани. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во своето барање велат дека се жалат пензионерите, вработените, земјоделците, социјалните случаи, младите и сите останати граѓани.

Уште една од причините поради која што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат изгласување доверба на Владата, е за да ја одржат својата коалиција СДСМ и ДУИ посегнаа кон погазување на демократијата во државата, Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието. Како што се објаснува тие против волјата на мнозинството граѓаните, насила изгласаа неуставен, неприменлив и штетен закон за двојазичност. Недозволиво е во една демократска држава која што претендира да биде дел од НАТО и ЕУ грубо да бидат погазени и прекршени сите процедури кои се наведени во Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Како уште еден неуспех на Владата се забележува и дека Владата досега нема спроведено ниту една реформа, дека т.н. владин план „3-6-9“ доживеал тотален колапс и дебакл. Во барањето за изгласување доверба се вели дека со своето неодговорно однесување и неработење, Владата под знак прашалник ја ставила препораката за членство на државата во ЕУ, за што предупредиле и дел од странските дипломати во земјава.

Како уште една од причините поради кои се бара гласање на Владата се наведуваат катастрофалните економски политики, за кои се наведува дека се карактеристични за СДСМ уште од минатото. Во барањето се образложува дека оваа недостиг на капацитет и секојдневие, се вели дека сме сведоци за преголемо задолжува, дека власта за само 10 месеци успеала да ја задолжи државата за рекордни 1,5 милијарди евра, без да биде спроведен ниту еден проект. Во барањето се порачува и дека Владата ќе мора даде одговор на што се потрошени овие пари, со кои е задолжено секое семејство во Македонија.

Во барањето се објаснува дека сите економски индикатори се во слободен пад, државата нема никаков раст на БДП и е единствена земја во Европа која не забележала економски раст. Се објаснува дека има голем пад на градежништвото, нема покачување на платите, пензиите и социјалната помош, а трошоците за живот вртоглаво растат, зголемена е акцизата на нафтата, а има и најави за зголемување на данокот, што негативно ќе се одрази врз стандардот на граѓаните. Во барањето се вели дека ниту едно ветување на Владата не е исполнето, како што е раст на БДП, просечна плата од 500 евра и многу други.

Како причина поради барањето за изгласување доверба, се наведуваат и неуспесите на Владата во наголемо најавуваните реформи во правосудниот систем. Во барањето се наведува дека власта неуспесите се обидува да ги прикрие преку злоупотреба на судскиот систем, спроведувајќи реваншизам со уцени и притисоци. Се објаснува дека Македонија станала земја каде што без никаква потреба се држат луѓе во притвор, се апсат пратеници на опозицијата без да се почитува Уставот и законите.

Уште една од причините поради кои пратениците на опозицијата очекуваат изгласување недоверба на Владата, е и зголеменото ниво на криминал по улиците во Македонија. Таму се вели дека МВР наместо да се бори со криминалот и корупцијата, стана дувло за изнуди, поткуп и заштита на криминалност. Се наведува и скандалот со купувањето на новите автомобили марка „Шкода“, кои се купени преку фирма која била донатор во кампањата на СДСМ, како и падот на државата за 17 места на извештајот за перцепција на корупција на „Транспаренси“.

И состојбата во Министерството за одбрана се наведува како една од причините за гласање доверба на Владата. Во барањето се вели дека министерката го партизирала министерството и Военото разузнавање.

Во барањето за гласање доверба на Владата, се вели дека оваа власт докажала дека младите и студентите не им се приоритет, како и дека нема ништо од големите ветувања кои биле давани пред изборите. Се објаснува дека за 10 месец не е видена ниту една мерка или реформа која би го подобрила животот или образованието на младите.

Исто така, во барањето се објаснува и дека градежната експанзија во инфраструктурата и изградбата на автопати, магистрали и локални патишта, што беше карактеристика за Македонија изминативе години запре со доаѓањето на новата власт. Во барањето пишува, дека Владата не само што не го гради она што го има ветено, туку и го стопирала она што веќе активно се градело.

Во барањето се вели и дека Владата од своето доаѓање за кратко време успеала да направи хаос во здравствениот систем во Република Македонија, проследено со голем број скандали и смртни случаи, се вели дека ниту со поставувањето на вториот министер за здравство ништо не се променило. Тие велат дека ветувањата не се исполнети, како што се бесплатното болничко лекување, се вели дека платите не се зголемени како што се ветуваше, туку дека некаде се и пониски исплатени.

Во барањето се вели дека земјоделците, кои изминативе години континуирано растеа и се развиваа, со доаѓањето на СДСМ на власт се заборавени од институциите. Се вели дека наместо зголемување на средствата за нив, во актуелниот буџет се предвидени 24 милиони евра помалку.

Како уште од причините за кои се бара и изгласување на доверба на Владата, е и состојбата во културата, каде како што се вели за кратко време имаме уназадување во оваа област, преку класична партизација, селекција и дискриминација на уметниците и културните дејци. Во барањето се вели дека скандалозната Национална годишна програма на Министерството за култура за 2018-та најдобро ја отсликува хаотичната состојба во која се наоѓа Министерството за култура. Владата и министерот за култура со својата неспособност ја рушат меѓународната репутација на македонската култура.

Во барањето се вели дека многу манипулации, скандали и малку работа ја карактеризира работата на министерката за труд и социјална политика. Како што се вели наместо да се грижи за најранливите категории на граѓани тие се препуштени сами на себе. Во барањето се споменати и проекти кои не се исполнети од страна на министерството, проблемот со злоставувањето на деца од домовите, како и заборавеното ветување на министерката кон децата со аутизам и нивните семејства.

Во барањето се вели дека иако беше најавувана инклузивност, власта без никаква консултација со опозицијата одлучува за важните национални интереси на штета на државата. Како пример ставен е договорот со Бугарија, како и никаквото давање информации околу спорот со името со Грција.

Во барањето се вели дека штетите кои ги предизвикува Владата стануваат се поголеми и се потешко ќе биде да се надоместат. Оваа Влада изминатиот период единствено покажа дека знае да руши и укинува реформи, а не знае да гради, создава и спроведува проекти. Помина половина мандат, а оваа Влада не спроведе ниту еден проект, реформа, ниту пак нешто изгради. Оваа Влада од страна на граѓаните е оценета како една од најнеспособните и најкриминалните влади што некогаш владееле со државата и затоа мора што побрзо да си оди додека не направила поголеми штети кои што би биле со катастрофални последици за иднината на Република Македонија.

-Владата не може повеќе да го користи изговорот дека се нова влада и им треба време да почнат да работат. Кога за толку кратко време можеа да направат толку многу штета на Република Македонија, тогаш можеа да направат и нешто корисно во интерес на граѓаните. Време е Владата предводена од СДСМ и ДУИ да преземе одговорност. Република Македонија мора да се движи напред, а не да тоне на секое поле. Со таа намера ја поднесуваме оваа инцијатива за гласање за доверба. Се надеваме дека пратениците во Собранието на Република Македонија ќе ги стават интересите на граѓаните пред партиските интереси и ќе дадат поддршка за истата, се вели во барањето за изгласување на доверба на Владата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека се надева дека ќе биде изгласана недоверба на Владата.

– Се надевам дека среда ќе биде денот кога ние ќе можеме да ги аргументираме нашите позиции. Така е и според деловникот во Собранието. Очекувам на крај на денот да се изгласа недоверба на Владата и да можеме понатаму да видиме како ќе ја развиваме Република Македонија, да организираме предвремени парламентарни избори и се што оди со тоа, рече Мицкоски на новинарско прашање по присуството на утринската литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ по повод Велигден.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This