Интерпол утре ќе избира претседател – двајца кандидати, од кои едниот е обвинет за тортура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската полициска агенција Интерпол утре во Истанбул треба да избере нов претседател, а групите за заштита на човековите права предупредуваат дека на функцијата би можел да се најде генерал обвинет за „тортура“.

Генералот Ахмед Насер ел Раиси, генерален инспектор во Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), се кандидираше да биде избран за претседател на Интерпол со четиригодишен мандат.

Тој од минатата година води кампања за претседател, а пред него има само еден кандидат, Шарка Хавранкова од Чешка.

Ел Раиси, кој веќе е член на извршниот комитет на Интерпол, во саботата објави дека приоритет на ОАЕ е заштитата на човековите права во земјата и во странство.

Меѓутоа, неодамнешниот извештај на групата МЕНА ги опишува рутинските прекршувања на човековите права во безбедносниот систем на ОАЕ, каде адвокати, новинари и активисти биле насилно исчезнати, мачени, арбитрарно притворени и заплашувани бидејќи мирно бараат основни слободи и права.

Неколку тужби за „тортура“ против Ел Раиси се поднесени во изминатите месеци во Франција, каде што се наоѓа седиштето на Интерпол, и во Турција, земјата домаќин на Генералното собрание.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This