Интeнзивиpaнa пoтpaгaтa пo иcчeзнaтaта пoдмopницa кaj Бали

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Индонезија денеска ја интензивира потрагата по воената подморница која исчезна кај Бали со 53 лица, и распореди десетици бродови и подморница.

Подморницата KRI Nanggala-402, произведена во Германија, изгуби контакт на околу 95 километри северно од Бали во раните утрински часови на средата за време на вежба за напад со торпедо. Во неа се наоѓаат 49 члена на екипаж, тројца топџии и еден командант.

– Распоредуваме 21 воен брод, вклучително и КРИ Алугоро, која е подморница, рече портпаролот на вооружените сили на Индонезија Ахмад Риад на прес-конференција.

Воените бродови се поддржани од неколку цивилни пловни објекти, вклучително и бродови опремени со сонарна технологија за откривање на подводни објекти и возила со далечинско управување, рече тој.

Сингапур, Малезија, Австралија, Индија и САД исто така испратија спасувачки бродови и авиони за поддршка на потрагата, рече тој.

Кислородот со подморницата може да трае до утре наутро.

Морнарицата претпоставува дека подморницата е на длабочина од 600 до 700 метри, а дизајнирана е да нурка до длабочина од 250 до 500 метри.

Хеликоптер открил нафтена дамка на локацијата каде што последен пат била подморницата, но е јасно дали е поврзана со несреќата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This