Интepвју со градоначалникот на општина Петровец: Единствена мoтивaциja ми се граѓаните, градежната екcпaнзиja ќе продолжи, се отвораат се повeќe нoви paботни мecта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот Борче Митевски е еден од најуспешните градоначалници во Македонија и веќе 10-тина години е на чело на општината Петровец која доживеаа вистинска  позитивна трансформација.

Во интервју за Инфомакс, Митевски вели дека сите овие години најмногу го мотивира во работата токму довербата од граѓаните кои му даваат безрезервна поддршка.

Тој потенцира дека во општина Петровец се одвива градежна експанзија како никогаш досега и се отвораат нови работни места.

И покрај проблемите кои ги предизвика пандемијата, Митевски вели дека советот и администрацијата функционираа одлично, а сите програми беа донесени во законските рокови и беа реализирани голем број проекти.

Ја добивaте повторно поддршката од вашата партија да се кандидирате за градоначалник на општина Петровец, што ве мотивира најмногу за да се борите за нов мандат?

-Самото ваше прашање во суштина е и одговор, токму довербата на моите сограѓани кои го препознаа мојот труд и залагање за развојот на општината беа одлучувачки фактор кој ме мотивираше да прифатам уште една кандидатура за градоначалник на Општина Петровец. Нормално таа доверба од граѓаните се потврди во направените анкети од страна на мојата партија ВМРО-ДПМНЕ, на која анкета убедливо ја добив довербата од граѓаните, за на крај сето тоа се потврди во скоро акламативна поддршка од страна на партијата и нашиот претседател Христијан Мицкоски.

Што би одвоиле од вашата програма како клучен проект од најголемо значење за граѓаните на Петровец на престојните локални избори во октомври годинава?

Не можам да одделам еден проект, бидејки сите проекти кои ги работиме или треба да ги отпочнеме се големи и битни за моите сограѓани,но сепак ако морам би ги одделил, ставањето во функција на целата мултифункционална зона Ќојлија ,одобренијата за градење во најголем дел се издадени,така што пред нас е една градежна експанзија и отварање на голем број нови работни места што во време на корона е навистина значајно, и како второ, комплетно завршување на канализационата мрежа во Петровец , Ржаничино и Огњанци,со што и овој горлив проблем на повеќе од две третини од граѓаните би се разрешил.

Како пандемијата се одрази на вашата и работата на општината, им останавте ли должни за некој проект на граѓаните?

Пандемијата е едно светско зло и нормално дека и нас не погоди. Неколку мои соработници а и јас го прележавме ковидот , но факт е дека со добра организација и ротација, и со користењето на мобилните конекции,во ниту еден момент не застанавме. Советот и администрацијата функционираа , сите програми беа донесени во законските рокови и нивната реализација иако отежнато се одвиваше, за што се сведоци големиот број реализирани проекти. Доволно е да прошетате низ Општина Петровец , низ било кое населено местои сами ќе се уверите во тоа.

Во изминатите 10-тина години општина Петровец постепено се урбанизираше и стана привлечно место за живеење за голем број млади брачни парови, каква е вашата визија за понатамошен развој на општината?

Не само млади брачни парови , туку и многу други ги увидоа предностите што ги нуди Општина Петровец , да се живее надвор од градскиот метеж а да бидеш само на 15 минути од центарот на градот Скопје, близу до Куманово и Велес. Децата да раснат во природа, да учат во ново современо училиште или да ја посетуваат новата детска градинка,да изградиш семеен дом со ефтини комуналии, кој не би го посакал тоа. Е тоа е она што ние го нудиме а граѓаните правејки споредба го препознаваат и се преселуваат во нашата општина. Пописот тоа и со бројки ќе го потврди.

Вашата општина е пример за соживот помеѓу православни и муслимани и одлични односи помеѓу различните етнички заедници на што се должи тоа?

Прво, соживотот е традиција на овие простори,но во него треба да се инвестира континуирано. Не смееме да дозволиме она што нашите предци го граделе ние да го уништиме. Затоа треба да го негуваме и се грижиме за тој соживот. Јас со моите политики се обидувам да не запоставам ниту едно населено место.Никој несмее да се почувствува како граѓанин од втор ред. Јас сум отворен за соработка и мојата врата секогаш е отворена за сите мои сограѓани без разлика на вера и нација. Моите сограѓани тоа го препознаваат и на крај како потврда сакам да кажам и тоа дека мојот заменик е од албанската етничка заедница.

За крај би ве запрашал, имате ли проблеми со централната власт поради различната политичка определба, како би ја споредиле поддршката која сега ја дава државата за помалите општини и во времето на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ?

Последно морам да кажам дека поддршката не е иста, но кога имаш квалитетни проекти и кога знаеш што сакаш,на која врата и да тропнеш се е полесно. Добрите проекти секој мора да ги види и прифати, па и оваа влада. На крај , во Општина Петровец живеат луѓе со различни политички определби,и кога еден проект се реализира тоа е благодет за сите, без разлика на определбата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This