April 25, 2024, 12:46 am

Интepвjy нa Бил Гејтс за Си-Ен-Ен: Eвe штo oткpивa зa дpyжбaтa co пeдoфилoт Епcтин, кaкo и зa paзвoдoт co Мелинда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бил Гејтс призна дека направил огромна грешка со тоа што се дружел со Џефри Епстин… Во интервју за Си-Ен-Ен, тој откри дека биле на неколку вечери, а говореше и за тоа како бил многу тажен по разводот од сопругата Мелинда.

Наводно, една од главните причини за разводот била неговата поврзаност со Епстин. Пријателскиот однос почнал од 2011 година, кога сега починатиот педофил уплатил парични средства во Фондацијата „Гејтс и ЏП Морган“. Поради тоа, Гејтс жестоко се скарал со својата сопруга. Мелинда била бесна поради тоа пријателство, па потоа ангажирала и адвокати за разводот, во 2019 година, кога средбите на Гејтс со Епстин излегоа во јавност.

Гејтс неколкупати го посетил Епстин во неговата куќа, па дури и разговарал со него за неговиот брак. Епстин го советувал Гејтс да се разведе.

Милијардерот сега вели дека и тој бил загрижен за Епстин, кој впрочем, и беше осуден во 2008 година за подведување малолетнички во проституција, неколку години пред Гејтс да го запознае.

– Бев со него на неколку вечери со надеж дека ќе обезбеди милиони за филантропската организација поврзана со глобалното здравје преку неговите контакти. Кога видов дека ништо од ова нема да се случи, нашето дружење заврши. Беше голема грешка што го минав времето со него и му дадов важност. Имаше и други во слична ситуација, но јас згрешив!, нагласи Гејтс.

Гејтс истакнува оти немал апсолутно никаква деловна врска или пријателство со Епстин и дека нивните состаноци биле исклучиво поврзани со филантропијата. Прашан потоа – дали жали за неодамнешните наводи дека самиот тој се однесувал лошо на работното место, Гејтс не одговори конкретно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This