April 24, 2024, 11:26 pm

Се aпcaт пopaнешните генepaли и вojници на ОВК

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пензионираниот генерал на косовските безбедносни сили, Имри Илјази, беше приведен во Турција врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање на Србија, пренесува Клан Косово.

Претседател на Организацијата на воени ветерани, т.н. ОВК Хисни Гуцати рече дека Илјази е приведен поради барање што Србија го испрати во Интерпол против поранешни војници на ОВК.

Гуцати рече дека Илјази бил приведен на турскиот аеродром во Анталија, по барање на Србија.

Гуцати ги повика поранешните војници на ОВК да не ја напуштаат земјата во овој период.

Според него, турската држава не треба да ги земе предвид списоците што Србија ги испрати до Интерпол.

Минатата недела во Албанија беше приведем Муртез Кастрати од Липљан, еден од поранешните припадници на ОВК, откако Србија испрати нов список во Интерпол а на тој нов список беше и неговото име.

Претседателот на Организацијата на воени ветерани на ОВК, Хисни Гуцати, во објавата на Фејсбук, побара од ветераните да не „одат во други земји затоа што, според изворите на неговата организација, Србија испратила во Интерпол список со имиња на поранешни членови на ОВК“, пренесува Косово онлајн.

По неколку часа поминати во притвор Илјази беше ислободен.

Ова е втор ваков случај во неколку дена. Муртез Кастрати од Липљан , еден од поранешните припадници на ОВК, беше приведен во Албанија минатата недела. Кастрати исто така беше пуштен на слобода по неколку часа.

Интересно е што приведувањата се случуваат во држави блиски на Косово: Албанија и Турција!

Во улога на сведок или пак на распит и натаму се наметнува како дилема прашањето во кое својство е повикан и лидерот на ДУИ Али Ахмети во Хаг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This