Инфициpaнa пaтничкa вo aвиoн зapaзилa дpyги 15 лицa co кopoнaвиpyc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долгите авионски летови се погодно тло за ширење на коронавирусот, покажа едно ново истражување, поткрепувајќи го овој заклучок со примерот на летот од Лондон до Нахоја, кога една патничка од авионот заразила 15 други лица.

Станува збор за летот VN54 од 1 до 2 март, кога во бизнис класата имало жена која кашлала и имала болки во грлото.

Кога слетала во Виетнам, таа добила висока температура и потоа била тестирана на коронавирус.

Научниците добија можност детално да го испитаат случајот и дојдоа до заклучок дека 12 патници од бизнис класата и двајца патници од економската класа, како и една стјуардеса, во текот на летот се заразиле со коронавирусот, иако ниту еден од новоинфицираните немал симптоми.

Врз основа на ова истражување научниците докажале дека движењето на аеросолите може да претставува проблем во авионите и дека авионите се плодна почва за масовно ширење на коронавирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This