ИНФЛАЦИЈАТА РАСТЕ, ДОЛГОТ СЕ ЗГОЛЕМУВА: Енромно зголеменото задложување и трошењето на девизните резерви предизвикуваат инфлација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според месечниот извештај на НБРМ (објавен септември 2017 год.) во кој се дава осврт на макроекономските показатели, најновите податоци за девизните резерви заклучно со август (приспособени за ефектите од ценовните и курсните разлики и ценовните промени на хартиите од вредност) укажуваат на намалување на девизните резерви во третото тримесечје. Падот на резервите во најголем дел се должи на трансакциите за сметка на државата, поради намирувањето на редовните обврски кон странство, додека интервенциите на НБРМ на девизниот пазар делуваа во обратна насока. Според расположливите податоци во надворешниот сектор за третото тримесечје од годината, податоците за менувачкиот пазар заклучно со август укажуваат на остварувања кај приватните трансфери блиски до проектираните во април. Истовремено, податоците за надворешнотрговската размена со јули упатуваат на трговски дефицит согласно со очекувањата за третиот квартал од годината, при пониски извозни и увозни притисоци. Во однос на билансот на плаќања, податоците за второто тримесечје посочуваат на подобри остварувања и кај тековните и кај финансиските трансакции во однос на априлската проекција.

Во август 2017 година домашните потрошувачки цени забележаа месечно зголемување од 0,4% поради растот на цените на храната и на енергијата, како и забрзување на стапката на базичната инфлација.

Годишната стапка на инфлација во август изнесуваше 1,9% (наспроти 1,2% во јули), што споредено со априлскиот циклус проекции, е малку повисоко од очекуваното движење за август. Гледано по одделните категории на цени, нагорното отстапување е присутно кај цените на храната и базичната инфлација, додека кај енергијата отстапувањето е во надолна насока.

Во вториот квартал од 2017 година, тековната сметка на билансот на плаќања забележа дефицит од 92,6 милиони евра (0,9% од БДП).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This