Инфлуeнcеpи на coцијaлни мpeжи: Индycтpијa од 10 милиjapди дoлapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парите што ги заработуваат влијателните личности на социјалните мpeжи драстично се зголемиле во изминатите години, покажа нов извештај.

Маркетиншката фирма „Изеа“ утврди дека просечната цена на спонзорирана фотографија на Инстаграм пораснала од 134 долари во 2014 на 1.642 долари во 2019 година и брендовите биле подготвени добро да платат за да се појават во објави, видеа, приказни и блогови.

За период од една година, бројката на спонзорирани објави на инфлуенсери се зголемила за 150%, што во 2020 треба да стане индустрија од 10 милијарди долари.

Сепак, експертите велат дека ова не значи крај за традиционалното рекламирање.

Во истражувањето е направена анализа на спонзорирани содржини на Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб и блогови во последните пет години, при што е дојдено до следниве заклучоци:

-Просечната цена на спонзорирана фотографија на Инстаграм пораснала за 44% од 2018 до 2019.
-Спонзориран блог во 2006 чинел 7,39, а денес 1.442 долари.
-Најголем пораст на цената на рекламите има на видеата на Јутјуб: од 420 долари во 2014 на 6.700 долари во 2019.
-Цената на пост на Фејсбук пораснала од осум на 395 долари, а на Твитер од 29 на 422 долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This